Делчевци добија нов парк на површина од 9000 м2 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Делчевци добија нов парк на површина од 9000 м2 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 28 nëntor 2014 13:16

Седмата форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“ во општина Делчево се одржа на 26 ноември 2014 година. На граѓаните им беше презентиран целокупниот форумски процес, а потоа од страна на локалната самоуправа беа презентирани резултатите од реализираниот проект: „Изградба и уредување на јавни површини“. Со проектот е направен и уреден парк помеѓу улицата „Кеј на ослободување“, реката Брегалница, спортската сала и реката Габровчица. Паркот има пешачки патеки и партерно хортикултурно уредување, поставени се клупи за седење, фонтана, корпи за отпадоци и јавно осветлување.

delchevci dobija nov park na povrshina od 9000 m2 1

„Искрено се радувам за уредениот парк, бидејќи според мене паркот беше навистина неопходен за граѓаните на општина Делчево, а посебно за луѓето кои што живеат во тоа населено место,“ изјави Љупчо Христов, учесник на форумот. И Сребран Ѓоргиевски е задоволен од успешното завршување на проектот. „Конечно граѓаните на општина Делчево добија современ и уреден парк што ќе биде користен од страна на граѓаните. Благодарност до општина Делчево, МЦМС и Швајцарската агенција за развој и соработка кои беа главни иницијатори и поддржувачи за реализација на проектот.

Проектот ќе придонесе кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Со уредувањето на овој запуштен дел од градот се подобрува состојбата со животната средина, им се овозможува на граѓаните да се дружат, децата да се рекреираат и на тој начин да имаат поквалитетен физички и здравствен развој.

delchevci dobija nov park na povrshina od 9000 m2 2

Во проектот беа вложени вкупно 5.788.902 денари од кои 2.400.000 денари беа обезбедени како донација од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 3.388.902 денари се општински средства.

На сесијата беше презентирана и информација за преземените активности и состојбата на препораките кои граѓаните му ги предадоа на Градоначалникот на општина Делчево на петтата форумска сесија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Делчевци добија нов парк на површина од 9000 м2