Ревизијата на УНКАК ги обедини државниот, граѓанскиот и приватниот сектор - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ревизијата на УНКАК ги обедини државниот, граѓанскиот и приватниот сектор PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 11 dhjetor 2018 12:37

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) од 3 до 5 декември за прв пат организираа работилница која промовираше соработка помеѓу државниот, граѓанскиот и приватниот сектор во спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата (УНКАК).

20181211 Vest UNKAK

Претставникот од Канцеларијата на ОН за дрога и организиран криминал, Линди Музила нагласи дека Конвенцијата на ОН против корупција е единствениот правно обврзувачки, универзален инструмент за борба против корупција, и нејзиниот член 13 го повикува целото општеството активно да се вклучи во борбата против корупцијата.

Според Мимоза Киковска Стојменова, државен советник во Министерството за правда, само со партиципативност од сите засегнати страни може да се обезбеди легислатива која ќе биде реално спроведена во прака. Владимир Георгиев од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) истакна дека овој меѓународно правен инструмент треба да осигури дека спречувањето и искоренувањето на корупцијата ќе биде високо на агендата на државата.

Поголемо вклучување на приватниот сектор во државните активности за борба против корупција побара Милаим Амети од Стопанската комора на Северо-западна Македонија.

За значењето на УНКАК, како механизам во борбата против корупцијата и улогата на граѓанските организации зборуваше Герман Филков кој потенцираше дека Конвенцијата и нејзините механизми за преглед се моќни алатки во рацете на граѓанското општество. Тие обезбедуваат основа за граѓаните и организациите да бидат релевантен партнер во борбата за спречување на корупција. За научени лекции за од претходниот процес на ревизија на УНКАК и заложбите на министерството за вториот процес на ревизија зборуваше Елена Димовска, координатор за вториот циклус на ревизија на УНКАК, претставник на Министерството за правда.

20181211 Vest UNKAK 2

Учесниците на работилницата укажаа на потребата да се зголеми транспарентноста и инклузивноста на процесот, но не само во моментот на ревизија на конвенцијата и подготовка на извештајот туку и  за постапување по заклучоците. Една од препораките беше да се изработи посебна веб страна на која што ќе се објават извештаите, законите и сите последователни активности, а се укажа од потребата да се зголеми свеста на јавноста за Конвенцијата. Учесниците работеа на аспекти од Конвенцијата и дадоа конкретни препораки кои ќе влезат во Извештајот во сенка кој тимот на МЦМС го подготвува во рамките на проектот.

Целта на УНКАК е да се намалат различните видови на корупција како што се: тргување со влијание и злоупотреба на моќ, корупција во приватниот сектор; проневера и перење пари. Покрај тоа, УНКАК ја зајакнува меѓународната соработка за спроведување на законот и судската соработка меѓу земјите преку обезбедување на ефективни правни механизми за меѓународно искористување на средствата.

 

Работилницата беше дел од проектот „Следење на антикорупциските реформи“, кој го спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН, а финансиски е поддржан од Европската комисија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Ревизијата на УНКАК ги обедини државниот, граѓанскиот и приватниот сектор