30 години граѓански активизам - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

30 години граѓански активизам PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 27 shtator 2021 14:57

Многу сонце, насмеани лица, повторни средби – вака изгледаше атмосферата на вчерашниот Фестивал на Цивика мобилитас – „Ден на граѓанските организации“, во Градски парк на Школка. Околу 90 граѓански организации ги поставија своите штандови, ги наполнија со информации за нивните активности и постигнувања и се дружеа со граѓаните. Главните пораки што ги испратија од Фестивалот беа дека тие имаат значителен придонес во општествените промени и дека заедно со граѓаните ќе продолжат да ги актуелизираат суштинските прашања и да градат подобро општество за сите.

festival 222 1024x538

Нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, Амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија, во своето последно обраќање во тоа својство, им се заблагодари на граѓанските организации за одличната соработка и за нивната посветеност што ја имаа создавајќи многу незаборавни спомени за неа. „Горда сум што бев дел од ова живописно граѓанско општество во последните повеќе од пет години“, рече Амбасадорката Сутер. Таа изрази надеж дека Фестивалот ќе стане традиционален и дека секоја година ќе носи се повеќе и повеќе учесници и организации.

sibil 222 768x372

Програмата, како и секоја претходна година, ја сочинуваа бројни и разнолични активности. Организациите им го свртеа вниманието на посетителите преку квизови, игри, работилници, изложби, дебати, промоции, драмски изведби и видео проекции. Организацијата „Рубикон“ им го претстави на заинтересираните Форум театарот, овој пат на тема „Булинг во училиштата“, а младите музичари од „Свет на различни а еднакви“ настапија на главната сцена.

Полио плус – движење против хендикеп и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го искористија Фестивалот за потпишување на меморандумот за разбирање. Дел од Фестивалот беше и потпишувањето на Кодексот за граѓански организации. Ова е иницијатива на повеќе од 50 организации и претставува чекор напред во унапредувањето на саморегулацијата во граѓанското општество и до сега го потпишале повеќе од 40 организации. „Еден од наголемите предизвици со кои се соочуваме денес е градењето доверба со граѓаните“, рече Александра Савевска од МЦМС и додаде дека со обезбедувањето поширока отчетност за својата работа, организациите го потврдуваат јавниот интерес.

kodeks 222 1024x512

Неколку дебати беа одржани за време на Фестивалот на Цивика мобилитас. Цивил го сврте вниманието на дезинформациите и говорот на омразата во јавната комуникација, а Лулуди зборуваа за превенција на трговијата со деца, за најчестите форми на трговија и начините за пријавување. Организацијата „Ептиса“ дебатираша за социјалното претприемништво, а здружението ХАЕМУС ја промовираше едукативната боенка за деца – палеонтолошки град.

Пред самиот крај посетителите уживаа во звуците на Дактили од Култ-Транзен и Тамбурашкиот оркестар на Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово.

muzika 222 1536x1253

Многумина учесници и посетители ја искористија можноста што им ја даде четвртиот Фестивал на Цивика мобилитас, да се информираат, да се дружат и договорат идна соработка, за подобар, поактивен сектор, за повкоренето граѓанско општество кое ќе продолжи да ги прави промените во полза на сите граѓани.

Фестивалот на Цивика мобилитас е најголемиот настан од ваков вид. Темата на овогодинешниот Фестивал беше „30 години граѓански активизам“.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme 30 години граѓански активизам