Континуиран придонес во општествените промени веќе 28 години - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Континуиран придонес во општествените промени веќе 28 години PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 14 dhjetor 2021 13:55

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес го прославува својот 28 роденден.  

28 godini mcms 1

Во годината кога државата одбележува три децении од независноста, ние, сегашните и поранешните соработници на оваа организација сме горди што, заедно со колегите од граѓанскиот сектор, придонесовме во растењето на државата. Со задоволство се сеќаваме на проектите за демократизирање на земјата, на активностите за заштитата на човековите права на ранливите групи сограѓани, на жените и децата, на Ромите, на лицата со хендикеп итн. Голем број од овие активности ги направивме поддржувајќи ги граѓанските организации затоа што тоа е одлика на МЦМС, да работи со другите и да ги поддржува во заедничките каузи за посилно граѓанско општество. На тој начин, застапувајќи ги интересите на граѓаните, обезбедивме да се опфатат многу повеќе области каде граѓаните констатирале проблеми за кои бараат решенија.

Некои од проблемите на кои одговаравме се уште не се надминати, некои се само ублажени. Но ние сме уште тука, подготвени за тие старо-нови предизвици. Денес, во битките за добро управување и борба против корупцијата, вкоренето и влијателно граѓанско општество, социјална инклузија и кохезија ги мобилизираме колегите од граѓанскиот сектор но и граѓаните кои сакаат и можат да помогнат. Заедно да ги потсетуваме одговорните, да бараме отчет и да помагаме таму каде што е потребно и таму каде што можеме. А можеме, тоа го докажавме во изминатите години работа, со претходните и актуелни речиси 1690 проекти и буџет од над 65,5 милиони евра кои беа насочени кон граѓаните, организациите и институциите.

Денес, МЦМС како искусна и стабилна организација, отпорна на влијанија, решителна во надминувањето на предизвиците има силен поттик да продолжи по курсот на промени во општеството кои ќе бидат за добробит на сите македонски граѓани.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Континуиран придонес во општествените промени веќе 28 години