Одржана четвртата форумска сесија во Ресен - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Одржана четвртата форумска сесија во Ресен PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 25 shkurt 2009 11:29

На 24 февруари оваа година, во Општина Ресен, се одржа четвртата форумска сесија во рамките на програмата Форуми во заедницата. На четвртата форумска сесија учествуваа околу 80-тина граѓани и во која беа презентирани 6 концепти за проекти предложени од страна на работните групи. На форумската сесија присутните ги поддржаа сите предложени концепти.

Одржана четвртата форумска сесија во Ресен

Со првиот проект „Лабораторија за испитување на присуството на пестициди во крвта на човекот, флората, фауната, воздухот, водата и почвата„ се предвидува да се обезбедат достапни информации за влијанието на хемиските препарати и пестицидите врз здравјето на човекот и едукација за правилна употреба на истите; доопремување на лабораторијата при ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на респираторните заболувања – Отешево; Обезбедување на апарат кој ќе овозможи испитување на концентрацијата на пестициди во крвта на човекот итн.

Вториот концепт „Изградба на еколошко - едукативен и спортско – рекреативен центар„ се осврнува на проблемот со незавидното ниво на чистата животна средина како и со еколошката свест на граѓаните. Со проектот се предвидува изградба на еден ,,еколошко - едукативен и спортско рекреативен центар’’ во кој со разни облици на континуирана едукација на граѓаните - младите од областа на екологијата би се подобрил квалитетот на животната средина и живеењето во една почиста животна средина.

„Уред за рециклирање на отпад од преработка на дрво„ беше насловот на третиот концепт, кој се однесуваше на проблемот со цврстиот отпад од преработка на дрвото и нивно одлагање во водите на Голема Река. Оваа работна група преку овој проект нуди решенија за заштита на животната средина и природата.

Четвртата работна група го предложи концептот „Уредување на градската депонија во Ресен„ со кој се предлага да се направи уредување на постојната депонија и тоа во неколку параметри кои во моментот претставуваат најголема опасност за природата и животната средина.

Петата работна група го предложи концептот „Изградба на канализациони мрежи и пречистителни станици во селата кои гравитираат кон Преспанското Езеро„ со кој се предвидува изградба на фекална канализација во с. Стење, со што ќе се обезбеди квалитетно управување со отпадните води.

Последниот, шести концепт „Обезбедување на доволно вода за пиење во градскиот водовод преку ископување на нови длабински бунари и бушотини„ нудеше решенија околу недостигот на вода за градот Ресен за време на летниот и есенскиот период и квалитетот на истата.

Општина Ресен е една од осумте општини вклучени во втората фаза на програмата Форуми во заедницата, која се реализира со средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка. Македонскиот центар за меѓународна соработка ја спроведува програмата во општините Ресен и Битола.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Одржана четвртата форумска сесија во Ресен