Започна со работа ЗКК за граѓанско општество на ЕУ и Република Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна со работа ЗКК за граѓанско општество на ЕУ и Република Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 28 shtator 2009 15:31

На 25 септември 2009 година, Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) беше домаќин на првиот Заеднички консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија. ЗКК е заедничко консултативно тело кои има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество. ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес.

Започна со работа ЗКК за граѓанско општество на ЕУ и Република Македонија

На состанокот членовите на ЗКК го поздравија предлогот на Европската комисија за безвизно патување за граѓаните на Република Македонија и ги повика и останатите институции во ЕУ да го следат нејзиниот пример. Членовите на ЗКК исто така бараат, што е можно побрзо, да започнат преговорите помеѓу ЕУ и Република Македонија веднаш штом бидат исполнети одредниците наведени во Пристапното партнерство. На состанокот беа донесени повеќе заклучоци.

На настанот, меѓу другите, говореа и г. Џелал Бајрами, Министер за труд и социјална политика и г. Дирк Ланге, Директор за проширување во Европската комисија, кој го претставува Комесарот за проширување, г. Оли Рен, г-ѓа Ана Краен, претставник на шведското претседателство со ЕУ, Потпретседателот на ЕЕСК г-ѓа Ирини Пари и г. Филип Хамро-Дроц, Претседател на Одделот за надворешни односи на ЕЕСК.

Ова новоосновано заедничко тело го сочинуваат 12 претставници од граѓанското општество од ЕУ и од Република Македонија.

Втората средба на ЗКК ќе се одржи во Република Македонија, на почетокот на 2010 година. Главната тема на настанот ќе ги опфати економските и социјалните права. ЕЕСК, со формирањето на новиот ЗКК, успешно воспоставува заеднички тела на граѓанското општество со трите земји, кандидати за членство во ЕУ: Турција, Хрватска и Република Македонија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Започна со работа ЗКК за граѓанско општество на ЕУ и Република Македонија