Како да се вклучиме во креирањето политики - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како да се вклучиме во креирањето политики PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 30 shtator 2009 12:10

Во периодот од 16 до 18 септември беше спроведена обуката „Застапување и лобирање за вклучување во креирање политики“. Учесници на обуката беа претставници на коалициите: Македонија без дискриминација (МБД), Граѓанска платформа на Македонија (ГПМ) и Сите за фер и правично судење.

Како да се вклучиме во креирањето политики

„Вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации во креирањето на политиките бара двострана активност: и од владата, но и од граѓанските организации“, вели Емина Нурединоска, обучувач. „Неопходно е Владата да ги преземе сите мерки кои што се предвидени во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор кои што се однесуваат на вклучувањето на граѓаните во креирањето на политиките, меѓутоа исто толку е важно и граѓанските организации од своја страна да се оспособат за застапување и лобирање на нивните интереси кои што може да бидат преточени во официјални државни политики. Оваа обука го овозможува токму тоа“, додаде таа.

Учесниците имаа можност да ги слушнат искуствата од студиската посета во Лондон и тоа соработката на граѓанските организации со државните институции, механизмите за заштита од дискриминација и стандардите за фер и правично судење. „Посебно ми се допадна презентацијата на искуствата од Лондон“ изјави Катерина Конеска од ГПМ , тоа беше можност да се види како функционира англискиот систем“. Овие искуства биле доста интересни и за Ѓорѓи Јошевски од Сите за правично судење. „Ми се допадна искуството од Лондон, но сфатив колку е тоа далеку од нас. Реформите што тие  ги имале во 2006 година, за нас се многу далечни. Сметам дека промени треба да правиме, ама тие да бидат направени квалитетно, за да не претрпуваа чести корекции“, додава Ѓорѓи.
Дел од сесиите на обуката беа посветени на законската рамка во Македонија и на досегашните искуства во оваа област. „Задоволна сум од целата обуката“, вели Катерина, „игрите што ги игравме побудија голем интерес кај сите и затоа сметам дека дури и теоријата може да се презентира низ вежби“.

Како да се вклучиме во креирањето политики

Како дел од курсот за застапување и лобирање учесниците поминаа низ идентификацијата на прашањето или проблемот за кое ќе се застапува или лобира, низ целите, партнерствата и сојузите што ќе се направат, низ справувањето со моќ, понатаму го разговараа за вклучувањето во креирање политики, самото креирање политики и на крај самите анализираа подготвени policy paper.

„Приодот на обуката е малку далечен за мене како повозрасен, но сум изненаден од темелноста“ ни рече Томислав Димишковски од универзитет Трето доба. Има многу информации, но не е тешко да се усвојат, освен тоа, тука се и материјалите што ги добиваме па и подоцна можеме да се навратиме на темите. Темите што ги слушнавме се сосема на место. Возрасните луѓе, не ги следат овие обуки, не знам зошто, како да сме елиминирани. До сега сум посетил само една обука и таа ми беше многу корисна. Нашата генерација има потреба да научи некои од новите вештини и техники“, додава Томислав.

Останатите активности од проектот ќе бидат насочени кон развивање акциски планови за креирање на политиките за прашања што организациите претходно ќе ги селектираат.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Како да се вклучиме во креирањето политики