Ефикасност на граѓанските организации во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ефикасност на граѓанските организации во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 17 qershor 2010 13:02

На 16 и 17 јуни 2010 година, во Скопје, во организација на Националниот совет на жени на Република Македонија (СОЖМ), се одржа семинар на тема „Ефикасноста на граѓанските организации во Република како дел од глобалниот консултативен процес за ефективноста.

Ефикасност на граѓанските организации во Македонија

Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС зборуваше за улогата на граѓанските организации во развојот на општеството. Тој се осврна на потребата од терминолошкото дообјаснување на поимите граѓанско општество и граѓански организации, како и ефикасност и ефективност кои често погрешно се употребуваат како синоними. Потоа зборуваше за различните пристапи кон опфатот на граѓанското општество и неговата улога во општеството.

За ефикасноста на граѓанските организации во Европската Унија зборуваше Франц Јозеф Бергер, претставник на Конкорд, а за ефективноста и придонесот на граѓанските организации во Балканскиот регион зборуваше Тања Хафнер-Адеми, извршен директорот на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

Во вториот дел од денот беа презентирани неколку успешни примери на граѓански организации во Македонија,а во попладневните часови учесниците, во групи, работеа на развивање заеднички принципи и модели за дејствување во насока на обезбедување одржливост на граѓанските организации и нивните програми.

Вториот ден, претставникот на Конкорд ќе зборува за создавањето поволни услови за полесен пристап до домашните и меѓународните ресурси и фондови, а ќе бидат презентирани и програми за поддршка на граѓанските организации како таа на Хабитат и ТАКСО. Учесниците ќе имаат можност да слушнат и за добрите практики на заедничко дејствување на граѓанските организации низ примерот на Сојузот Македонија без дискриминација.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Ефикасност на граѓанските организации во Македонија