Општините и бизнисот во Пелагонија ќе градат партнерства - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Општините и бизнисот во Пелагонија ќе градат партнерства PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 29 shtator 2010 10:43

На 28 септември 2010 година, во Домот на културата во Битола, со промотивна конференција започна спроведувањето на проектот Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион. Проектот е одговорност на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а МЦМС ќе ги спроведува обуките за општинската администрација и бизнис секторот.

Општините и бизнисот во Пелагонија ќе градат партнерства

За Џемаил Елмази, директор на Бирото за регионален развој со овој проект се промовира јавно партнерство во регионот. „Очекуваме интензивирање на активностите, посебно во патната инфраструктура, водоводот, канализацијата и другите проекти за сите општини“, рече тој во своето обраќање на конференцијата.

Од името на градоначалниците на деветте општини на Пелагонискиот регион се обрати Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. „Целта на овој проект е јасна – економски развој на регионот“, рече во своето обраќање Ристески. „Верувам дека по спроведувањето на проектот перспективите на регионот ќе бидат поголеми, фондовите подостапни и инвестициите пореални“, додаде тој.

Општините и бизнисот во Пелагонија ќе градат партнерства

Целта на проектот е да се воспостават организирани и структуирани тимови за секоја општина и за Центарот кои ќе биде способни да ги координираат и поддржат бизнис активностите во регионот.

„Сите заедно ќе креираме динамичен развој кој ќе биде корисен за сите 240.000 жители на регионот“, рече Емилија Ѓероска, раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. „Ќе градиме партнерства во текот на цела година за да траат во сите наши следни години.  Сите заедно ќе го направиме Пелагонискиот регион поубаво место за живеење согласно нашата европска визија“, додаде таа.

На конференцијата, Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС зборуваше за методологијата и временската рамка на спроведувањето на активностите.

{slideshare}[slideshare id=5322220&doc=mcms-metodologijanarabotaivremenskadinamikanaproektot-100930043823-phpapp02]{/slideshare}

На конференцијата на присутните им се обратија и Херман Снелдер, директор на МДФ (Управување за развојни фондации) од Холандија и Лазар Неданоски од МЦМС.

Снелдер зборуваше за холандските искуствата во јавно-приватните партнерства и иницијативите за развој на општините.

{slideshare}[slideshare id=5322219&doc=mcicmdf-dutchmunicipalitiesineconomicdevelopmentandppp-100930043758-phpapp01]{/slideshare}

Неданоски зборуваше за привлекувањето на инвестиции во регионот.

{slideshare}[slideshare id=5322221&doc=mcms-privlekuvanjeinvesticiizabiznisitevoregionot-100930043841-phpapp02]{/slideshare}

Проектот е финансиски поддржан од Бирото за регионален развој како дел од програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија. Средствата се обезбедени од буџетот на Република Македонија и општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Могила, Долнени и Кривогаштани.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Општините и бизнисот во Пелагонија ќе градат партнерства