Покана за работилница на тема „Антикорупциска писменост“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Покана за работилница на тема „Антикорупциска писменост“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 13 dhjetor 2010 15:27

МЦМС ги поканува граѓанските организации да предложат претставник кој ќе учествува на еднодневната работилница на тема  „Антикорупциска писменост“, во петок, 17 декември 2010 г. во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Покана за работилница на тема „Антикорупциска писменост“

МЦМС во октомври оваа година го издаде извештајот за состојбата со корупцијата во Бугарија „Злосторство без казна“. Работилницата е последователна активноста за јакнење на капацитетите за потребата од спречување на корупцијата во Република Македонија.

Целта на овој настан е да се зголеми информираноста на граѓанските организации за состојбата со корупцијата во Република Македонија, да се направи споредба со другите земји (пред се Бугарија), и да се придонесе за започнување расправа за стратешките приоритети на граѓанскиот сектор во вклученоста за сузбивање и спречување на корупцијата во Република Македонија.

На работилницата ќе бидат опфатени следниве теми:

  1. Клучните сегменти од извештајот „Злосторство без казна“, со посебен фокус на прашањата кои се однесуваат на корупција во граѓанскиот сектор;
  2. Споредба на системот за превенција и спречување на корупција во Република Македонија и Република Бугарија;
  3. Предизвиците за граѓанските организации кои би се занимавале во иднина со прашањето на корупцијата и начини за ефективно делување (дискусија)

Воведничар и фасилитатор: Суад Мисини - Истражувачки центар за граѓанско општество

Ве молиме учество на вашиот претставник да го потврдете до четврток, 16 декември 2010 г. до 12:00 часот. Сите патни трошоци за учесниците надвор од Скопје ќе бидат надоместени од страна на МЦМС.

Лице за контакт е Марија Саздевски на е-mail Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë или на 071/289-217.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Покана за работилница на тема „Антикорупциска писменост“