Комуникациски вештини за судиите, јавните обвинители, адвокатите... - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Комуникациски вештини за судиите, јавните обвинители, адвокатите... PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 21 dhjetor 2010 09:38

На тема комуникациски вештини и обука за обучувачи МЦМС, на барање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, во ноември и декември, обучуваше судии, јавни обвинители, адвокати, претставници на: Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи – оддел за организиран криминал, Управата за финансиска полиција и Царинската управа.

Комуникациски вештини за судиите, јавните обвинители, адвокатите...

Во петдневната обука 25-те учесници имаа можност да слушна за правилата на комуникација и причините за прекин на комуникацијата, за стиловите на комуникација, за активното слушање и за фидбекот. Дел од обуката се однесување на циклусот на учење кај возрасните, подготовката на презентации, техниките на фацилитација и фацилитаторските вештини. Во вториот дел од обуката, учесниците во групи по двајца или тројца имаа задача самите да подготват сесија за обука применувајќи дел од вештините и техниките што ги научија на обуката.

Имајќи предвид дека обуката се одвиваше во пресрет на усвојувањето на измените во Законот за кривична постапка, речиси сите теми на кои работеа учесниците беа од таа област. Обучените се стекнаа со вештини кои ќе им помогнат понатаму да ги обучат нивните колеги за да можат подготвено да го пречекаат периодот на стапување на сила на Законот.

Комуникациски вештини за судиите, јавните обвинители, адвокатите...

Самиот Закон и измените во него ќе бидат предмет на други обуки, расправи и дискусии со кои ќе бидат опфатени учесниците на обуката.

Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева, обучувачи на МЦМС.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Комуникациски вештини за судиите, јавните обвинители, адвокатите...