Комуникациската писменост на граѓанските организации е се уште ниска - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Комуникациската писменост на граѓанските организации е се уште ниска PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 14 janar 2011 10:47

Само 14 % од потенцијалните регистранти, регистрирале интернет-домен, покажа истражувањето што го спроведе МЦМС во декември 2010 година, преку нереактивно собирање податоци од регистарот на МАРНет за терцијарни поддомени во скундарниот поддомен ’org.mk’. Постојат околу 9.080 потенцијални регистранти кои имаат регистрирано 1.293 интернет домени. На половина од регистрираните домени (52%) се поставени активни веб-сајтови. Од нив, 6% им припаѓаат на пет граѓански организации.

Анализа на терцијарни поддомени во секундарниот поддомен ‘org.mk’

Истражувањето покажа и дека опаѓа застапеноста на регистрираните домени .org.mk во вкупниот број регистрирани домени. Иако бројот на вкупно регистрирани .org.mk домени е во постојан пораст, бројот на новорегистрирани домени по години од 2007 г. опаѓа. Вкупно регистрираните домени .org.mk се зголемуваат во просек за 9% годишно, но бројот на новорегистрирани домени .org.mk по години опаѓа во просек по 5,4 % годишно.

Петте примарни именски опслужувачи со најголем број домени .org.mk се со локација во Македонија. Кај 48,6 % од домените org.mk се користат овие пет именски опслужувачи.

Што се однесува до користењето на комуникациските алатки, големо мнозинство (околу 75%) од веб-сајтовите имаат споделено поштенска адреса, е-пошта и телефон. Мало малцинство (10 %) од активните веб-сајтови имаат споделено употреба на социјални медиуми.

Преовладуваат еднојазичните веб-сајтови на македонски јазик. Ретко се користи алатката Гугл транслејт за автоматско преведување на содржините. Вкупно 55 % се еднојазични, македонскиот јазик се употребува кај 75 % од нив. Најчеста комбинација  на јазици кај двојазичните (35 %) веб-сајтови се македонски и англиски (93 %) јазик.

МЦМС го спроведе истражувањето за да ја прикаже моменталната состојба на регистрираните терцијарни поддомени во секундарниот поддомен org.mk (заклучно со 1.12.2010 година). Целите на истражувањето се да се покаже колку често се употребуваат овие комуникациски канали, односно дали се користи можноста што ја дава Интернетот и да се укаже на комуникациската (не)писменост.

Според истражувањето, на граѓанските организации се уште им е потребно јакнење на свеста за моќта на Интернетот и социјалните медиуми како алатка за промоција и дистрибуција на информации и содржини.

Анализа на терцијарни поддомени во секундарниот поддомен ‘org.mk’

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Комуникациската писменост на граѓанските организации е се уште ниска