Утриснки весник: Добитници Град Скопје, ФИООМ, "Месечина", "Полио плус" и АД Комуна - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утриснки весник: Добитници Град Скопје, ФИООМ, "Месечина", "Полио плус" и АД Комуна PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка на 27 јуни, годинава, на свечен начин ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн". Добитници на Наградата за граѓанско општество и демократија се: Град Скопје (за јавност и соработка), Фондацијата Институт отворено општество Македонија (за долгогодишен придонес) и Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите "Месечина" од Гостивар (за постигнувања во претходната година). Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн" ја добија "Полио плус - постполио група за поддршка" и Комуна АД Скопје, и двете за постигнувања во претходната година.

10565

Како што на свеченото доделување на наградите рече извршниот директор на МЦМС, Сашо Клековски, тие се доделуваат втор пат, откако беа востановени од МЦМС минатата година. Наградата за граѓанско општество и демократија се доделува од фондот кој го формира МЦМС откако самиот ја доби Наградата за граѓанско општество и демократија што ја доделуваат Европската унија и САД, во 1998 година. Наградата за одржлив развој е востановена во спомен на Херт Јан ван Апелдорн, кој во Македонија беше ангажиран од Холандската меѓуцрковна помош во периодот 1993/94 година и кој, како што нагласи Клековски, многумина ги научи што значи поимот одржлив развој. Обете награди се доделуваат еднаш годишно.

Првите добитници на наградите на МЦМС минатата година беа Првата детска амбасада "Меѓаши" (награда за граѓанско општество и демократија за долгогодишни постигнувања), Кристина Дикинсон (награда за граѓанско општество и демократија за постигнувања во минатата година) и Јосиф Таневски (награда "Херт Јан ван Апелдорн" за долгогодишни постигнувања).

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Утриснки весник: Добитници Град Скопје, ФИООМ, "Месечина", "Полио плус" и АД Комуна