Време: Имаме ли јајца? - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Имаме ли јајца? PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 05 maj 2005 01:00

Одличен слоган на кампањата на МЦМС: „Имаме јајца - кажи Македонија“. И вербално и визуелно е атрактивен. Удира на прва, јасен е, има штос, тајмингот е погоден - пред и за време на Велигден, па пораката не е вулгарна.

Напротив, оваа кампања ја внесе толку потребната ведрина во празничните денови и во атмосферата кога не знаевме што навистина ни се случува со името, со кампањата на Грција за брзо затворање на проблемот по нивен ќеф.


Добро, ако „имаме ...“ за името, каде ни се за другите работи. Имаме ли за корупцијата? Имаме ли јајца да ја намалиме, кога веќе не можеме да ја искорениме? Имаме ли „тоа што треба“ да се впуштиме во битка со неа? Според она што досега го покажавме како држава - немаме. За тоа не треба вапцани, црвени или жолти, за тоа треба челични! Во тесна врска со корупцијата е и состојбата во судството за кое ни требаат исти такви - цврсти и некршливи. Овие последниве се сине љуа нон за борбата против организираниот криминал, оти мафиозите знаат многу лесно да посегнат по тој дел, па тука цврстината игра огромна улога. Какви треба да се има за да им се каже не на најавите за враќање на контроверзниот Агрон Буџаку во Владата?


Многумина на сето ова би рекле дека Македонија пред се треба „да има ....“ во економијата. Поддржувачите на таа теоријата сметаат дека токму тука ни требаат не по две, туку и по повеќе. Кој во економијата ќе „има ....“ да направи амбиент за инвестиции, да ги среди бирократите, кои се првата слика и пречка и за домашни и за странските инвеститори и кои со месеци се изживуваат врз оние што сакаат вложувајќи да заработат нешто во оваа земја? Во Хрватска, го имаа „тоа што треба“, па, на пример, направија комплетната документација за нови бизниси да се добива за две недели. Мислев овде да напишам и дека тоа истото треба да се има, па на најавите на УНМИК за воведување визи и царини за нашите граѓани за Косово да им се каже дека ќе реагираме реципроцитетно, ама ќе испаднеше дека се фаворизира една личност и дека таа, а приори, го има „тоа што треба“. Бидејќи, сепак за тоа не треба да се суди од еден изолиран инцидент, ќе го оставам настрана...


Нашите професори (не сите, се разбира) и нашите лекари (пак не сите) очигледно го немаат „тоа што треба“ кога треба да одбијат, на пример, по 500 евра за испит, преглед или операција, или да си ги вработат децата во истата организација.

Значи, еве предлог на организаторите на кампањата за нејзино проширување. Истите флаерчиња со истите две јајца (не мора велигденски обоени) да ги препечатат, наместо со „Кажи Македонија“, со нов потслоган. Приближно вака: „Имаме ли“, па сликата со двете јајца, па долу потслоганот „да и кажеме не на корупцијата“ со тоа што последниот збор може по потреба да се мутира во „непотизам“, „организиран криминал“ и слично. Исто така, ова не би требало да биде кампања на некоја НВО, без разлика колку е голема или успешна. Кампањата „Имаме ли .....“ треба да биде државна кампања, слична на онаа за купувањето македонски производи. Овојпат нема да навлегувам во тоа дали треба само да се има или тоа што се има треба и да се користи.

Извор: Време (5.мај.2005)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Време: Имаме ли јајца?