Вест: Со "Кажи: Македонија" во одбрана на идентитетот - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: Со "Кажи: Македонија" во одбрана на идентитетот PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 20 mars 2004 01:00

Десетина македонски невладини организации, институции и здруженија на граѓани вчера упатија остар протест против директивата на Советот на Европа за терминологијата наменета за Македонија, обвинувајќи го Советот оти директно го напаѓа мултикултурниот идентитет на земјата, вграден во Уставот и Рамковниот договор.

Од денеска, тие ја започнуваат кампањата "Кажи: Македонија" која се состои од разгледници со пораки од типот "Викајте ме по моето име - кажете Македонија", како и "Немој да ме ФИРОМ-ираш", на чија задна страна има место за пишување и можност да бидат испратени до одредени личности во Советот на Европа од самите граѓани. Претставниците на иницијаторите, невладините МЦМС и "Евро-Балкан", велат дека ќе бидат отпечатени десетици илјади вакви разгледници, дистрибуирани во "Вест", "Дневник" и во "Утрински весник", а се разговара во дистрибуцијата да се вклучат и други медиуми. Тие сметаат дека на овој начин секој граѓанин на Македонија ќе може да направи чекор кон афирмирањето на прашањето со името и против одредбата на Советот која, велат, е насочена директно кон чувствата на македонските граѓани. Јован Донев од "Евро - Балкан" дури вели оти уредбата, иако е за интерна употреба во Советот, е фашистичка и навлегува во правото на култура и јазик, и оди во толкувања направени во македонско отсуство. Конечната цел, рекоа претставниците на организациите, е да се спречат други вакви идеи кои би можеле да се појават по меѓународните институции, поведена е за само 24 часа, и се надеваат дека наредните денови ќе се приклучат многу повеќе македонски здруженија на граѓани и организации.

Извор: Вест (20.март.2004)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Вест: Со "Кажи: Македонија" во одбрана на идентитетот