МИА: МЦМС ги презентира резултатите од истражувањето - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МИА: МЦМС ги презентира резултатите од истражувањето PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 04 dhjetor 2008 14:13

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска ги презентираше резултатите од третиот дел на истражувањето „Доверба во граѓанското општество“, усна анкета направена на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.

Анкетата е спроведена од Институтот за социолошко-политички-правни истражувања од Скопје.

Според податоците, довербата на граѓаните во институциите е 43,9 отсто, а во граѓанските организации 41,7 отсто.

- Најголема доверба е искажана кон медиумите со повеќе од 50 отсто, а најмалку во политичките партии 29 отсто. Во однос на граѓанските организации довербата е најголема кон организациите кои работат со лица со посебни потреби, рече Сунчица Саздовска, раководител на Одделението за граѓанско општество при МЦМС.

Довербата во државата со 48,1 отсто е во раст во однос на минатите години. Општата доверба во црквите и верските заедници е висока и стабилна со 65,6 отсто, а во свештените лица граѓаните веруваат со 54 отсто.

- Црвениот крст е организација со најголема доверба и организација во која луѓето најмногу го препознаваат работењето кон намалување на сиромаштијата. Голем процент од граѓаните или 81,8 отсто се изјасниле дека граѓанските организации се злоупотребени од политичките партии или од нивните лидери, додаде Саздовска.

Општ заклучок е дека негативните мислења за конкретни граѓански организации бележат релативно зголемување во однос на позитивните.

Првото истражување од МЦМС од ваков вид е спроведено во април 2006, а второто во јули 2007 година.

 

Извор: МИА (04.12.2008)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat МИА: МЦМС ги презентира резултатите од истражувањето