Медиумите за добротворството и социјализацијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за добротворството и социјализацијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 30 prill 2009 11:15

Повеќе медиуми ги објавија резултатите од истражувањето за одговорноста за општествените прашања, учеството во граѓанските организации и нивото на социјализација и добротворното дарување што го правеше МЦМС како дел од поширокото истражување за општествената одговорност на граѓаните. Подолу се дел од написите и прилозите:

Истражување на МЦМС: 61 отсто од граѓаните се чуствуваат како македонски државјани, а потоа како припадници на етничка група

Според истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка за општествената одговорност на граѓаните, 61 отсто од испитаниците се чуствуваат како македонски државјани, а потоа како припадници на сопствената етничка група.

Истражувањето е спроведено во март, преку теренска анкета во домаќинствата на национален репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.

Повеќе од половината од анкетираните државата ја доживуваат како најодговорна во решавањето на општествените потреби.

- Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 49,3 проценти за разлика од 2007 година кога била 39,3, а во 2004 - 26,4 отсто, соопштува Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Спроведеното истражување покажува дека малку граѓани се активни во граѓанските организации. Sекој четврти испитаник е член на граѓанска организација, а половина од нив се неактивни. На секои пет граѓани двајца се членови на некоја политичка партија, но само еден е активен.

- Граѓаните најчесто се дружат со членовите на потесното/поширокото семејство и пријателите. Една четвртина не се дружат со своите колеги од работа надвор од работното време, а повеќе од половината воопшто не посетуваат организирани форми на дружење во заедницата, покажува анкетата.

Расте бројот на луѓето што донираат и подаруваат, од 64,6 отсто минатата, на 70,9 годинава. Главниот мотив за тоа е солидарноста која пораснала од 36,3 минатата на 48,4 проценти оваа година.

Граѓаните најчесто даруваат пари, а вообичаената сума е од 100 до 500 денари. Најмногу сакаат да даруваат директно и на рака, а најчестите причини за одбегнувањето на посредниците се желбата да видат кому му ја даваат помошта кај 39,5 отсто и потребата да се избегне злоупотреба 27,6 отсто од анкетираните граѓани. Вкупно 55,7 проценти од нив сметаат дека собраните прилози се употребуваат наменски.

Извор: МИА (29.04.2009)

Над 60 отсто од граѓаните се чувствуваат како Македонски државјани

Според истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка за општествената одговорност на граѓаните, 61 отсто од испитаниците се чувствуваат како македонски државјани, а потоа како припадници на сопствената етничка група.

Истражувањето е спроведено во март, преку теренска анкета во домаќинствата на национален репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.

Повеќе од половината од анкетираните државата ја доживуваат како најодговорна во решавањето на општествените потреби. „Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 49,3 проценти за разлика од 2007 година кога била 39,3, а во 2004 - 26,4 отсто“, соопштува МЦМС.

Спроведеното истражување покажува дека малку граѓани се активни во граѓанските организации. Секој четврти испитаник е член на граѓанска организација, а половина од нив се неактивни. На секои пет граѓани, двајца се членови на некоја политичка партија, но само еден е активен.

Граѓаните најчесто се дружат со членовите на потесното или поширокото семејство и пријателите. Една четвртина не се дружат со своите колеги од работа надвор од работното време, а повеќе од половината воопшто не посетуваат организирани форми на дружење во заедницата, покажува анкетата. Расте бројот на луѓето што донираат и подаруваат - од 64,6 отсто минатата на 70,9 годинава.

Извор: Утрински весник (30.04.2009)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Медиумите за добротворството и социјализацијата