Одржана четвртата форумска сесија во општина Македонски Брод - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Одржана четвртата форумска сесија во општина Македонски Брод PDF Печати Е-пошта
Четврток, 17 ноември 2011 13:59

На 9–ти ноември во просториите на ООУ" Св.Климент Охридски" се одржа четвртата форумска сесија што се спроведува во општина Македонски Брод. На сесијата учествуваа 88 жители од општината.

4 FS Makedonski Brod 2

На сесијата беа опфатени презентации и дискусии за проекција на расходите во општината за 2012 година. Во овие рамки, од страна на граѓаните беа дадени 25 предлози за расходи по две програми на општина Македонски Брод за 2012 г. и тоа: Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, и Програма за развој на културата.

"Форумот овозможува граѓаните да се доближат до надлежностите и програмите на општината, како и до буџетот со кој располага општината. Форумот како процес укажува на тоа дека општината треба да се фокусира на јавноста, односно на граѓаните, со тоа би ја зголемило нивната доверба и поддршка", рече Зоран Новески, општински координатор на програмата.

4 FS Makedonski Brod 3

Никола Андрески, граѓанин на општина, кажа дека преку одржувањето на форуми очекува да се подобрат условите за живот на граѓаните, да се слушне нивниот глас и да се решат проблемите.

Следната форумска сесија во Македонски Брод ќе се одржи на 2 декември оваа година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Одржана четвртата форумска сесија во општина Македонски Брод