Одржана четвртата форумска сесија во општина Македонски Брод - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Одржана четвртата форумска сесија во општина Македонски Брод PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 17 nëntor 2011 13:59

На 9–ти ноември во просториите на ООУ" Св.Климент Охридски" се одржа четвртата форумска сесија што се спроведува во општина Македонски Брод. На сесијата учествуваа 88 жители од општината.

4 FS Makedonski Brod 2

На сесијата беа опфатени презентации и дискусии за проекција на расходите во општината за 2012 година. Во овие рамки, од страна на граѓаните беа дадени 25 предлози за расходи по две програми на општина Македонски Брод за 2012 г. и тоа: Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, и Програма за развој на културата.

"Форумот овозможува граѓаните да се доближат до надлежностите и програмите на општината, како и до буџетот со кој располага општината. Форумот како процес укажува на тоа дека општината треба да се фокусира на јавноста, односно на граѓаните, со тоа би ја зголемило нивната доверба и поддршка", рече Зоран Новески, општински координатор на програмата.

4 FS Makedonski Brod 3

Никола Андрески, граѓанин на општина, кажа дека преку одржувањето на форуми очекува да се подобрат условите за живот на граѓаните, да се слушне нивниот глас и да се решат проблемите.

Следната форумска сесија во Македонски Брод ќе се одржи на 2 декември оваа година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Одржана четвртата форумска сесија во општина Македонски Брод