Filluan sesionet e forumeve në Berovë - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Filluan sesionet e forumeve në Berovë PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 28 tetor 2009 14:45

Околу 80 граѓани учествуваа на првата форумска сесија која се одржа во Берово на 7 октомври оваа година. Во Берово по втор пат се реализира Форуми во заедницата, но во овој циклус со однапред дадена тема „Буџетски форумски процес“.

Почнаа форумските сесии во Берово

На присутните, освен претставниците на МЦМС и Единицата за координација на форумите им се обрати и градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински. Тој рече дека значењето на овој проект е големо, поради фактот што граѓаните дирекно учествуваат и имаат можност да одлучуваат што ќе се направи со предвидените средства за овој проект, а исто така и да влијаат на буџетот на општината. Тој ја нагласи отвореноста на општината за реализација на идни вакви проекти кои ќе бидат од интерес на граѓаните со цел да се одржи добрата соработка меѓу граѓаните и општинската администрација.

Граѓаните активно учествуваа во текот на презентацијата на структурата на буџетот, како и приоритетите за развој на општината за 2010 година.

Почнаа форумските сесии во Берово

Втората форумска сесија се одржа на 14 октомври 2009 година. На неа беше дефинирана стратешката област за следната година – Подобрување на инфраструктурата во централното градско подрачје во Берово. Присутните имаа можност да слушнат и да разговараат за прегледот на планирани/реализирани приходи на општината за 2009 година како и за проекциите и структурата на приходите за буџетот во 2010 година.

На третата форумска сесија, на 21 октомври 2009 година, работната група ги презентираше предлозите, а потоа беа усвоени од страна на форумот. Граѓаните слушнаа и дискутираа за расходите по надлежност особено во делот на комунални дејности и заштита на животна средина и природа.

Следната форумска сесија во Берово ќе се одржи на 4 ноември 2009 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Filluan sesionet e forumeve në Berovë