Обука за граѓанско новинарство - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за граѓанско новинарство PDF Print E-mail
Tuesday, 11 April 2017 13:10

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани да се пријават на обуките за граѓанско новинарство кои ќе се одвиваат по следниот редослед:

РегиониЛокацијаДатум
Скопски и Полошки
[Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Чучер Сандево, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуша, Теарце, Тетово]
Скопје 27 и 28 април
Пелагониски и Југозападен
[Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени, Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа]
Битола 4 и 5 мај
Североисточен и Источен
[Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Штип, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане]
Штип/Пехчево 9 и 10 мај
Вардарски и Југоисточен
[Велес, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Лозово, Неготино, Росоман, Свети Николе, Чашка, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш, Струмица]
Струмица 18 и 19 мај

Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинарство. Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство и етиката во граѓанското новинарство. Социјалните медиуми како канали на комуникација ќе бидат дел од програмата, како и блогирањето како можност за правење општествена промена. 

Ги поттикнуваме да се пријават сите оние кои сакаат да ги прошират своите знаења во областа на граѓанското новинарство и кои се силно мотивирани во иднина да го пренесат нивното знаење на другите. Заинтересираните треба да се пријават за обуките во регионите од каде што доаѓаат.

Рокот за пријавување е:

  • 21 април за Скопје и Полог,
  • 28 април за Пелагонија и Југозапад,
  • 3 мај за Североисток и Исток и
  • 15 мај за Вардарски и Југоисточен.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата на следниот линк: https://goo.gl/forms/dVvRvDlEP89mkCAh2

Пријавите ќе бидат оценети и селектирани од страна на МЦМС и обучувачите.

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните трошоци за учесниците кои доаѓаат од градот каде што се одржува обуката. За сите дополнителни информации контактирајте ја Фанија Ивановска, на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

oglas-za-obuki-za-gragansko-novinarstvo.jpg

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Обука за граѓанско новинарство