Отворен повик за обуки - Граѓански ресурсен центар - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Отворен повик за обуки - Граѓански ресурсен центар PDF Print E-mail
Monday, 28 January 2019 14:58

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следните три обуки:

  • Обука за мобилизирање на ресурси, 7-8 февруари 2019, Скопје
  • Обука за транспарентност и отчетност на граѓанските организации, 11-12 февруари 2019, Скопје
  • Обука за тематско вмрежување, партнерства, коалиции, 27-28 февруари 2019, Скопје

otvoren povik za obuki fevruari web mcms

На обуката за мобилизирање на ресурси откријте како вашата организација може да расте и да стане финансиски одржлива преку стратешко планирање на ресурсите и зголемена разноликост на донаторите. Учесниците ќе стекнат основни вештини и знаења за концептите на одржливост и мобилизација на ресурси, за идентификација на донаторите, за стратешки пристап кон обезбедувањето ресурси, како и за одржување на успешни релации со донаторите. Преку практични вежби, учесниците ќе учат за мапирање на изворите на финансирање, планирање на предлог проект, одредување индикатори на успех, комуникација со донатор, итн.

Обуката за транспарентност и отчетност на граѓанските организации ќе ви помогне во вашата организација да ги примените најдобрите практики за отвореност и транспарентност во сите активности и процеси на носење одлуки.  Учесниците ќе го зголемат  нивното знаење и вештини за воспоставување механизми за отчетно и транспарентно раководење и известување, за улогата на различните чинители и нивното консултирање и вклучување во работата, за различните пристапи за зајакнување на имиџот, кредибилитетот и легитимитетот на организацијата, како и за процесите на донесување одлуки во организацијата.

Обуката за тематско вмрежување, партнерства, коалиции им служи на граѓанските организации кои преземаат здружени акции и функционираат со заеднички приоритети. Учесниците ќе стекнат основни знаења; за комуникација и координација во мрежата и воспоставување тела за координација и управување; како и воспоставување на заеднички приоритети, цели и дејствување. Покрај тоа, ќе стекнат вештини за мерење на резултатите од работата во мрежа; како и основни вештини за градење, развивање и одржување различни нивоа на соработка со други организации и ентитети. На обуката учесниците преку практични вежби ќе учат за институциограм на мрежа, матрица на соработка во мрежа итн.

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава најдоцна до 1 февруари 2019 год. Пријавите се пополнуваат онлајн и се достапни на:

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Отворен повик за обуки - Граѓански ресурсен центар