Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА) - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА) PDF Print E-mail
Tuesday, 27 May 2008 01:00

Во програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Обука за градење на капацитети на локалната самоуправа, МЦМС организира обука за: Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА) 12- 13 јуни 2008, хотел Континентал - Скопје

МЦМС е граѓанска организација која верува во мир, хармонија и просперитет на Македонија и Балканот, засновани на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативната демократија, доброто владеење, рамномерен социоекономски развој, меѓузависноста и културната разновидност.

Трансферот на знаења и вештини преку обука и консултации е основна компонента во сите програми на МЦМС уште од неговото формирање во 1993 год.

Содржина на обуката:

Со статусот на земја кандидат за членство во Европската Унија, Република Македонија и нејзините граѓани имаат можност за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

ИПА има за цел да ја подготви Македонија за рамноправно членство во ЕУ и да и даде поддршка во развојот на нејзините економски, социјални, природни и човечки потенцијали.

МЦМС ја организира обуката Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА) со која општините ќе се запознаат со можностите за искористување на средствата и со предизвиците кои ги носи претпристапната помош.

Цел на обуката:

- Стекнување на основни информации за инструментот ИПА;
- Стекнување на основни вештини и знаења за аплицирање за ИПА средства;
- Размена на искуства од досегашни проекти поддржани со претпристапни средства.

По завршување на обуката учесниците ќе имаат знаења и вештини за:

- Што е ИПА и кои можности им нуди на општините;
- Подготовка на предлог проект за користење на средствата на ИПА;
- Информации поврзани со средствата на ИПА и насочување каде можат да се најдат дополнителни информации.

Услови:

Обуката е наменета за фокус општините на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ): Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп.

На обуката се покануваат да учествуваат по двајца претставници од секоја општина.

Претставниците од фокус општините на програмата ЛРЗ ќе користат целосна стипендија за учество на обуката со што сите трошоците за учеството на обуката во износ од 8.900,00 МКД се покриени од страна на МЦМС и Evangelischer Entwicklungsdienst (EED) - Германија www.eed.de. Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на обуката се на сметка на учесниците.

Пријавување:

- Пријава за обука „Вовед во ИПА“
- Програма за обука „Вовед во ИПА“

Краен рок за пријавување е петок, 06.06.2008 г.

Лица за контакт: Афродита Муслиу This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , тел: 02/ 3065-381.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА)