Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општините Радовиш и Конче. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 28 август 2009 година.
Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk ).
Во периодот септември 2009 – ноември 2010, Форумскиот процес во општините Радовиш и Конче ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КOМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 8 месеци, до 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 7-9 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
- Раководење и координирање со Оперативната група;
- Ко-модерирање на форумските сесии;
- Организирање на сесиите, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
- Организирање и ко-модерирање на состаноците помеѓу сесиите;
- Техничка подготовка на сесиите (сала, постери, опрема);
- Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
- Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
- Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
- Помош на модераторот при водењето на сесиите;
- Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
- универзитетско образование
- познавање на aнглиски јазик
- активно користење на компјутер (WORD, ECXELL, OUTLOOK)
- познавање на процесот на децентрализација
- искуство во работа со невладини организации
- да е жител на општината
- искуство во фацилитација, координација и известување
- наклонетост кон тимска работа
- одлични комуникациски вештини
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 28 август (петок), на следната адреса: ул."Никола Парапунов", бб П.фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it



Twitter
Digg
Del.icio.us
Reddit
StumbleUpon
Yahoo
Googlize this
Facebook
Wikio




