Иселувањето меѓу желбите и можностите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Иселувањето меѓу желбите и можностите PDF Print E-mail
Wednesday, 26 April 2017 15:35

iseluvanjeto-megju-zelbite-i-moznostiteЖелбите за иселување се поголеми од реалните планови за тоа, покажаа резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма на тема „Задоволство од местото на живеење и планови за напуштање на Република Македонија“.  Иако 39,2% од испитаниците трајно би сакале да ја напуштат земјата, сепак, извесно е дека тоа ќе го направат само 12,2%, односно оние кои планираат да го направат тоа во следните 12 месеци. 

Од резултатите може да се направи профил на граѓанинот кој би сакал да се исели. Тој/таа најчесто е жител/ка на Источниот регион, смета дека во Македонија не може да се напредува со напорна работа и не е задоволен/а со местото на живеење, има завршено средно или повисоко образование и е на помлада возраст.

trajno-iseluvanje

Профилот пак на граѓанинот кој најверојатно ќе се исели покажува дека тој/таа најчесто е жител/ка на Североисточниот регион, има родини надвор од земјата кои ќе му помогнат, е на возраст помеѓу 15 и 34 години и најчесто е студент или невработен. 

Што се однесува пак до оние кои би останале во Македонија, според профилот тој/таа  најчесто е жител на Полошкиот регион, смета дека во Македонија може да се напредува со напорна работа и задоволен/на е со местото на живеење. Нема завршено образование и е повозрасен/на.

vozrast-iseluvanje

Трите најголеми причини за иселување се: повисокиот животен стандард (25,0%), поголемите шанси да се најде работа (23,2%) и политичката ситуација (14,9%). 

Германија е земјата во која би се иселиле најголем број од граѓаните (22,2%). Иако интересот е поголем за европските земји, сепак не е за занемарување дека во прекуокеанските САД, Австралија и Канада би се иселиле 37,5% од испитаниците. 

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 13 до 17 април 2017 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Иселувањето меѓу желбите и можностите