Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

24 години растеме преку резултатите PDF Print E-mail
Thursday, 14 December 2017 17:38

Денеска (14 декември 2017 година) МЦМС го одбележува својот 24 роденден. Зад нас е уште една година исполнета со предизвици и резултати на кои сме особено горди. Во своето 24-годишно постоење, соработниците на МЦМС спроведоа 1.630 проекти чиј буџет беше над 58 милиони евра. Сите овие години, МЦМС ги поддржуваше граѓанските организации, локалните самоуправи, институциите… и тоа не само финансиски, туку и преку јакнење на капацитетите на претставниците на сите овие организации. МЦМС спроведе повеќе од 920 обуки и оспособи за различни теми речиси 22.840 луѓе на сите возрасти и од сите сектори. Долгата листа од 207 публикации, меѓу кои голем број истражувачки извештаи придонесоа за аргументирана расправа за клучните прашања во македонското општество.

24 Години МЦМС

МЦМС започна како организација чија главна цел беше да им помогне на оние кои имаа потреба. Денес, 24 години подоцна, оваа развојна организација е еден од столбовите на граѓанското општество во Македонија, па и во регионот. Во почетокот ги поставувавме темелите на граѓанскиот сектор, денес поставуваме  високи стандарди на работење. Ние веруваме, но уште поважно, практикуваме партиципативност, транспарентност и одговорност, партнерство, толеранција, претприемништво, одржливост и еднаквите можности.

Луѓето и тогаш и сега се во фокусот на нашето внимание. Тие и нивните потреби се суштинската причина за постоењето на МЦМС. Позитивните промени што ги предизвикуваме кај секој поединец одделно и промените во општеството генерално, се силен мотив за понатамошната работа затоа што ние во МЦМС веруваме во промените што носат добробит на македонското општество за сите генерации, за нашите соништа, за сите нас!

За новите проекти, резултати и позитивни промени – среќен роденден МЦМС!

 

Проекти

Civica Mobilitas Мојот Избор

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News 24 години растеме преку резултатите