Нови десет организации ќе се фокусираат на доброто управување - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови десет организации ќе се фокусираат на доброто управување PDF Print E-mail
Sunday, 20 January 2019 16:46

Запознавањето со основните организациски документи, системи, процедури и структурата на една граѓанска организација се меѓу најважните придобивки за учесниците на дводневната обука за добро управување на граѓански организации.

Novi deset organizacii kje se fokusiraat na dobroto upravuvanje

На 18 и 19 декември 2018 година, 10 претставници на граѓанските организации дискутираа, отвораа нови прашања и преку вежби учеа за принципите и елементите на доброто управување, за  основните процеси на организациско управување, за организациска структура, за односите помеѓу извршните и управните органи, улогата на управните органи и нивните членови, судирот на интереси, организациски политики и документи и сл. 

Во оценката на обуката, најголемиот дел од учесниците изјавија дека нивните знаења и вештини се зголемени, дека обуката претставува мотив за подобрување на работата на сопствените организации и дека по обуката ќе се фокусираат на изработка и доработка на внатрешните документи, правилници и процедури во нивните организации. 

Обуката се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, а ја спроведоа Емина Нурединоска и Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Оваа обука е прва од низата обуки кои ќе следат во следните два месеци а ќе бидат спроведени во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Нови десет организации ќе се фокусираат на доброто управување