Големи очекувања, а мали проекти во Виница - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Големи очекувања, а мали проекти во Виница PDF Print E-mail
Friday, 15 March 2019 14:26

Главните предизвици со кои се соочуваат здруженијата од Виница се однесуваат на недостаток на едуциран кадар за пишување апликации, како и сложени и обемни процедури при аплицирање за грантови со мали износи. Тоа го истакнаа претставниците на граѓанските организации од Виница за време на Мобилниот ресурсен центар на 28 февруари во просториите на здружението Иницијатива на невработени интелектуалци (ИНИ) од Виница.

20190315 MRC Vinica 9

Ограничените ресурси и капацитети се главна причина за мноштвото краткорочни проекти кои не предизвикуваат големо влијание во заедницата. Во однос на локалните потреби, приоритет се инфраструктурните проекти. Со цел да се зголеми одржливоста на ваквите проекти, потребна е поголема соработка со општините и иницирање за заедничко аплицирање на активните повици.

Недостатокот на кадар е проблем на повеќето организации. Исто така, организациите сметаат на младите за нивно вклучување како волонтери, но тие пак не се заинтересирани да се вклучат во граѓанскиот сектор. Во моментов организациите не размислуваат за вметнување програми за волонтери и ад-хок го решаваат овој проблем.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар оствари средба и со претставниците на Општина Виница на која дискутираше за соработката со граѓанскиот сектор. Во моментов не постои Стратегија за соработка меѓу општината и здруженијата, а сепак општината обезбедува материјална и финансиска поддршка за нив.

Локалната самоуправа доделува финансиска помош на организациите на годишно ниво преку отворен повик. За 2019 година планирано е општината да додели 500.000 денари за граѓански организации и 1.000.000 денари за спортските клубови и здруженија. И покрај тоа, не постои утврдена методологија за доделување на средствата и следење на трошењето.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Големи очекувања, а мали проекти во Виница