Избрани се грантистите кои ќе помагаат во заедниците за време на кризната состојна - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избрани се грантистите кои ќе помагаат во заедниците за време на кризната состојна PDF Print E-mail
Monday, 27 April 2020 11:32

Во следните три месеци, седум граѓански организации- грантисти на Граѓанскиот ресурсен центар ќе дадат солидарен одговор на кризната состојба предизвикана од КОВИД-19. Тие ќе им помогнат на над 1000 социјално загрозени семејства, припадници на маргинализираните групи, земјоделци и жртви на семејно насилство.

20200427 GRC grantsisti

Најголем дел од грантистите ќе обезбедат хуманитарна помош за ранливите категории граѓани со цел полесно да го надминат кризниот период, а останатите активности се однесуваат на пружање психосоцијална поддршка на жртвите на семејно насилство и споделување корисни информации во заедниците

Итните активности во главно ќе се спроведуваат локално, и тоа во Куманово, Прилеп, Гостивар, Берово, Пехчево, Делчево, Тетово и Скопје, додека дел од нив ќе обезбедат поддршка на национално ниво.

Листа на грантисти:

  • Здружение на граѓани за промовирање на културните и духовните вредности „Легис“ Скопје со проектот „Ние можеме -  Итна солидарна акција;
  • Сојуз – Национален совет за родова рамноправност со проектот „Семејно насилство во состојба на социјална изолација“;
  • Хуманитарно доброчинително здружение „Света Мајка Тереза” – Куманово со проектот „Само заедно ќе победиме”;
  • Здружение на граѓани Институт за зелени политики и развој Берово со проектот „Мали индивидуални земјоделски производители, локална храна и Ковид-19: Што се треба да знаете?“;
  • Здружение за перспективна интеграција и развој „Рома перспектив“ Прилеп со проектот „Целта на животот е солидарност преку помош“;
  • Здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки – ЛГБТ Јунајтед Тетово со проектот „Ковид-19 предизвик и за ЛГБТИ заедницата“;
  • Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ Гостивар со проектот „Без корона помош до дома“.

Вкупниот фонд за оваа намена е 715.631 денари.

На повикот за грантови за итни интервенции за справување со кризната состојба предизвикана од КОВИД-19, аплицираа 107 граѓански организации од сите плански региони.

 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Избрани се грантистите кои ќе помагаат во заедниците за време на кризната состојна