Штип и Гостивар кажаа едногласно НЕ на корупцијата! - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Штип и Гостивар кажаа едногласно НЕ на корупцијата! PDF Print E-mail
Thursday, 28 March 2024 14:38

Над 500 граѓани деновиве се приклучија на караванот со настани организиран од - „Граѓаните против корупцијата“ кои се одржаа на плоштадот „Слобода“ во Штип и во „Општинскиот парк“ во Гостивар. На овие неколку часовни средби граѓаните имаа можност да се информираат, едуцираат и запознаат со сите можности за вклучување во борбата против корупцијата.

432210536 122149555874061743 6872171868866086480 n

Македонскиот центар за меѓународна соработка заедно со партнерите Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ разговараа со граѓаните за состојбата со корупцијата и како и каде може да ги пријават нивните случаи. Центарот за граѓански комуникации пак, го промовираше водичот за следење на јавните набавки во нивните општини, додека Стопанската комора на Северна Македонија организираше дискусија со локалните претставници каде разговараа за предизвиците во приватниот сектор и можноста за вклучување во борбата против корупцијата. На штандовите бројни граѓани разговараа и со новинарите, односно медиумските партнери ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија за нивните случаи поврзани со корупција.

MCMS9559 Custom

На настаните исто така се промовираа и картичките за благодарност кои имаат за цел да ја зголемат свеста на граѓаните за формите на корупција и како да ги заменат подароците со картичка за услугите за кои веќе платиле. Програмата воедно вклучи и активности за млади и тоа интерактивен форум театар на тема корупција и дебатни дискусии за коруптивните случаи со кои младите најмногу се среќаваат.

MCMS9693 Custom

Караванот насловен ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД КОРУПЦИЈАТА продолжуваа и оваа недела, следните средби се: во Кичево, на 29 март (петок) пред „Музеј на НОБ – Запад“ со почеток од 14:00ч и 30 март (сабота) во Крива Паланка на „Градскиот плоштад“ со почеток од 11:00ч.

Програмата ГПК е поддржана од УСАИД.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Штип и Гостивар кажаа едногласно НЕ на корупцијата!