Конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации“ PDF Print E-mail
Thursday, 26 April 2018 15:02

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на проектот „Националниот ресурсен центар за граѓански организации”, ја организираат конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020". Се работи за дводневен настан кој ќе се одржи на 8 и 9 мај 2018 година во Клубот на органите на државната управа, Скопје. 

otvoreno vladino partnerstvo

Конференцијата ќе ја отворат Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Н.Е. Микаела Швајзер- Блум, Заменик Амбасадор на САД во Македонија, Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, и Гордана Гапиќ Димитровска, Министерство за информатичко општество и администрација. 

Првиот ден ќе се дискутира за отвореното владино партнерство и напредокот и резултатите од спроведувањето на Националниот акциски план (НАП) 2014-2016.

Презентациите вториот ден ќе се однесуваат на Независниот извештај за прогресот 2016-2017 направен од Механизмот на независно известување, и искуствата и препораките за приоритизација и селекција на предложени заложби. Во текот на денот предвидена е и работа во групи што ќе им овозможи на граѓанските организации (ГО) да дадат насоки и препораки за следниот акциски план за периодот 2018-2020.

Целта на конференцијата е да ја промовира иницијативата Отворено владино партнерство меѓу ГО и подетално да ги информира за остварениот прогрес, да создаде простор за дискусија меѓу ГО и владините институции за искуствата и предизвиците во спроведувањето на третиот акциски план и самите да учествуваат во креирањето на новиот. 

Заинтересираните учесници треба да бидат претставници на граѓански организации кои работат во областите кои се релевантни за Отворено владино партнерство. За учество на конференцијата потребно е да го потврдите своето присуство со испраќање на пополнета пријава за учество  на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 4 мај 2018 година

Националниот ресурсен центар за граѓански организации е проект финансиран од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации“