МЦМС спомнат во Извештајот на Стејт департментот за човекови права во Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС спомнат во Извештајот на Стејт департментот за човекови права во Македонија PDF Print E-mail
Thursday, 26 April 2018 15:40

Македонскиот центар за меѓународна соработка и неговиот Извештај за проценка на корупцијата 2017 г. се спомнати во овогодишниот Извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија (Страна 23) што беше објавен на 30 март.

corruption mcms report

„На 20 март, Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави својот двегодишен извештај, во кој стои дека Државната комисија за спречување на корупцијата ја изгубила довербата на граѓаните и не ги исполнила своите одговорности околу следењето и контролата. Анкетата во 2016 г. покажува зголемување на корупцијата споредено со 2014 г., и нејзиното прифаќање од страна на јавноста останува на високо ниво. Во текот на годината 30,5% од 1.000 испитаници во анкетата спореведена од оваа организација, се изјасниле позитивно по прашањето дали им бил побаран поткуп, за 4,9 проценти повеќе од 2014. Слично на тоа, 29,2% од испитаниците понудиле или дале поткуп, што е зголемување за 7,7 % од 2014 година. Корупцијата варираше помеѓу етничките заедници, со 83,3% од етничките Албанци кои биле под притисок да дадат поткуп и 80,5 % кои го платиле поткупот, во споредба со 40,6% и 35,5%, соодветно, од етничките Македонци“, стои во извештајот на Стејт департментот.

МЦМС и неговите напори во борбата против корупцијата во 2015 година беа спомнати и во Конгресот на САД при презентирање на документот „Напредокот и предизвиците во Западен Балкан“. Тогаш беше поздравено формирањето коалиција за анти-корупција од страна на МЦМС и партнерските организации кои се „подготвени и способни да ги повикаат институциите на отчетност“.

Истражувањата на МЦМС имаат за цел да овозможат аргументирана расправа во јавноста но и застапување засновано на факти.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News МЦМС спомнат во Извештајот на Стејт департментот за човекови права во Македонија