Современа практична настава за прилепските електротехничари - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Современа практична настава за прилепските електротехничари PDF Print E-mail
Wednesday, 26 September 2018 14:07

„Со проектот за реновирање и опремување на училниците со најсовремена опрема во прилепското СОУ Ристе Ристески- Ричко, се подига квалитетот на реализација на наставата и по завршувањето на образованието, учениците ќе бидат комплетно подготвени активно да се вклучат на пазарот на трудот“, рече Билјана Трајкоска, директорка на училиштето, за време на промоцијата на реновираните простории на 24 септември 2018 година.

Sovremena praktichna nastava za prilepskite elektrotehnichari 1

Реновирањето на училиштето вклучи замена на влезните врати и ламинатните подови во училниците, поправка и бојадисување на ѕидовите и крововите, инсталирање нова електрична мрежа со ЛЕД осветлување, набавен нов школски мебел и специјализирана наставна опрема. Опремувањето на кабинетите и специјализираните лаборатории за електротехника ќе им овозможат  современа практична настава на сегашните и идни ученици од единственото училиште во Прилеп со паралелки во електротехничка и машинска насока.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, порача дека преку вакви инвестиции кадарот којшто се едуцира во Македонија ќе стане соодветен на економијата, односно на потребите на компаниите. 

Sovremena praktichna nastava za prilepskite elektrotehnichari 2

Генералниот менаџер на Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп, Михаел Солтер, изјави дека компанијата го поддржува развојот на младиот кадар низ инвестиции во практичната настава и ги повика останатите компании да го следат нивниот пример.

Реновирањето на СОУ Ристе Ристески Ричко е дел од Проектите за модернизација на образованието на МЦМС, истото чинеше 80 илјади долари, а го финансираше Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Современа практична настава за прилепските електротехничари