Антикорупциски прирачник за етика и усогласување за бизниси - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Антикорупциски прирачник за етика и усогласување за бизниси PDF Печати Е-пошта

Дата: 2013
PDF: antikorupciski-prirachnik-za-etika-i-usoglasuvanje-za-biznisi.PDF

Antikorupciski Priracnik KORICA A 5 FINALПрирачникот „АНТИКОРУПЦИСКИ ПРИРАЧНИК ЗА ЕТИКА И УСОГЛАСУВАЊЕ ЗА БИЗНИСИ“ е подготвен во заедничка координација на Секретаријатот на Организација за економска соработка и развој (OECD), Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), и Светска Банка (World Bank). 

Прирачникот не цели да создаде нови стандарди и не претставува никаква форма на правно обврзувачки документ за бизнисите. Изработен е да служи како корисна, практична алатка за компаниите што во една публикација, која е лесна за упатување, бараат совети за усогласеност.

Прирачникот е поделен на три дела. Првиот дел дава преглед на меѓународната антикорупциска рамка што компаниите кои работат на меѓународни ниво треба да ја почитуваат. Вториот дел дава краток вовед за тоа како компаниите може да го проценат нивниот ризик со цел да почнат да развиваат ефективна антикорупциска програма за етика и усогласување. Третиот, и најважен дел, ги собира на едно место главните инструменти за деловни насоки. Споредба направена меѓу тие инструменти открива дека сите тие во голема мера ја опфаќаат основната антикорупциски елементи за етика и усогласеност. Тие елементи дополнително се прикажани со анонимни, реални студии на случај обезбедени од компании. На крај, како прилог, прирачникот дава табела за брзо упатување, давајќи вкрстена споредба на сите главни инструменти за деловни насоки дадени во овој прирачник.

Прирачникот е преведен во рамки на проектот Следење на антикорупциските реформи“ спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество со поддршка на Европската унија.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации