Акутелни општествени прашања - декември 2020 - ставови на јавноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Акутелни општествени прашања - декември 2020 - ставови на јавноста PDF Печати Е-пошта

Автор: Гонце Јаковлеска, Фанија Ивановска
Дата: Декември 2020
PDF: Akutelni_opshtestveni_prashanja_-_dekemvri_2020_-_stavovi_na_javnosta_mcms.pdf

Akutelni opshtestveni prashanja dekemvri 2020 stavovi na javnosta mcmsСредната оценка на Владата за првите 100 дена е 2,46. Повеќе од половина од испитаниците (54,7%) ја оцениле работата на Владата со ниски оценки (1 и 2), додека пак, една четвртина од нив (25,2%) ја оцениле со високи оценки (4 и 5). Етничките Македонци се понезадоволни од работата на оваа Влада (60,5% од нив ја оцениле со ниски оценки) споредбено со етничките Албанци (27,3% ја оцениле со ниски оценки). 

Резултатите покажаа дека речиси и да нема разлика во рејтингот на двете најголеми политички партии во државата. На прашањето: „Доколку утре се одржат Парламентарни избори, за која партија би гласале?“, 18,6% од испитаниците рекле за СДСМ, а 18,1% ја избрале ВМРО-ДПМНЕ. Разликата меѓу најголемите партии е во рамките на статистичка грешка. Ова е историски ниска поддршка на овие две политички партии која од ноември 2016 година. Најголем скок во рејтингот има кај Левица 6,2%, односно 5,7 процентни поени повеќе од јуни 2020 година.

Граѓаните во Македонија немаат доверба ниту во партиските претседатели. Недо-вербата е мнозинска кај сите, односно за Зоран Заев таа изнесува 59,4%, за Христијан Мицкоски, 70,0%, за  Али Ахмети (80,7), а за Димитар Апасиев (66,0%). Најголема довер-ба, иако малцинска, граѓаните имаат во Зоран Заев  (39,7%), потоа е лидерот на Левица, Димитар Апасиев (29,7%), а веднаш потоа се е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Ми-цкоски (28,3%) и лидерот на ДУИ, Али Ахмети (15,5%).

Две од прашањата се однесуваа на односите со Бугарија, во светло на евроинтегра-циските процеси. На прашањето: „Колку сте согласни со Анекс на Договорот за добро-соседство со Бугарија, за гаранции на немање територијални претензии и за немешање во внатрешни работи, без навлегување во други вклучително и национални и идентитет-ски прашања?“, најбројни се испитаниците кои рекле дека воопшто не се согласуваат (43,6%), а заедно со оние кои донекаде не се согласуваат чинат мнозинство од граѓаните или 61,9%. 

Граѓаните се скептични за времето потребно да се надминат проблемите со Бугарија и да продолжи процесот на евроинтеграција на Македонија. Речиси една третина од граѓаните (30,7%) одговориле дека тие проблеми нема да се надминат никогаш. Околу една петтина или 21,8% сметаат дека тоа ќе се случи од една до пет години. Речиси ист е процентот на оние кои рекле дека проблемите ќе бидат надминати брзо (15,0%) и оние кои сметаат дека тоа ќе се случи за помалку од една година (15,2%). 

Средната оценка што граѓаните и ја дале на Владата за справување со здравствениот аспект на Корона кризата е 2,9. На скала од 1 до 5, каде еден е најлоша оценка, а пет најдобра, испитаниците најчесто ја избрале оценката три (32,2%). 

Средната оценка која граѓаните и ја дале на Владата за економските мерки со кои се помага приватниот сектор е пониска и изнесува 2,67. Најбројни се оние кои овие мерки ги оцениле со „еден“ (28,3%) или кажано со терминологијата во училиштата, со „недоволен 1“ и „доволен 2“ економските мерки ги оцениле 44,7% од испитаниците. На другата страна, „многу добар 4“ и „одличен 5“ Владата добила од 27,8% од граѓаните. „Добар 3“ и дале околу една четвртина од нив. 

Дури 40,9% од испитаниците рекле дека воопшто не е веројатно дека ќе се вакцинираат, а заедно со оние кои рекле дека тоа донекаде не е веројатно се мнозинство од испитаниците или 58,6%.

Мнозинство од испитаниците (60,5%) сметаат дека здравствените власти немаат капацитет за навремено и ефективно справување со вакцинацијата за Ковид-19. Оние кои сметаат дека постои таков капацитет се околу една третина или 34,7%. 

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации