Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Моќ од сенка PDF Печати Е-пошта

Уредници: Др. Огниан Шентов, Руслан Стефанов, Бојко Тодоров
Дата: 2016 година
ISBN: 978-954-477-291-8
PDF: mokj-od-senka.pdf

mokj-od-senkaОвој извештај „Моќ од сенка: Проценка на корупција и скриената економија во земјите од Југоисточна Европа“, подготвен од Лидерството за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ), дава значителен придонес во регионалниот пристап кон антикорупцијата.

Во 2016 година, СЕЛДИ се надоврза на овие проценки со ажурирање на следењето на корупцијата и посебен фокус на заробената држава во енергетскиот сектор и врските на економијата со скриената корупција.

Извештајот ја нагласува потребата за поширока политичка акција за реформи, кои во целиот регион се чинат блокирани или ограничени.

Генералниот заклучок од ССК на СЕЛДИ од 2016 година е дека политиките кои се однесуваат на коруптивно однесување на административно ниво и оние кои се стремат да ја сменат довербата во владата треба да се спроведуваат заедно. Ако не се дополнети со зголемен јавeн притисок за интегритет на владата и одржливо подобрување на економската добробит, построгото спроведување на казнени мерки не може да има одржлив ефект. Спроведувањето на законите ќе се гледа или како бескорисна репресија која се однесува само на пониските нивоа на власта или како политички лов на вештерки кога повремено се однесува на повисоки нивоа. Од друга страна, интензивните мерки за зголемување на свеста само ќе поттикнат цинизам и резигнација кај јавноста ако не се придужени со видливи напори за казнување на (високо) рангираните службеници кои бараат поткуп.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации