Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Основни поими на јудаизмот PDF Печати Е-пошта

Автор: Цадик Данон
Дата: 2005 година
ISBN: 9989-102-14-7
PDF:
osnovni-poimi-na-judaizmot.pdf

Основни поими на јудаизмотПред Вас се наоѓа првиот превод на македонски јазик на книгата “Основни појмови јудаизма” (оригинален наслов) од покојниот врховен рабин на Југославија, рабин Цадик Данон (зжжл), која претставува едно од најубавите и најконцентрираните дела за читање и запознавање на читателите евреи или неевреи кои сакаат да се запознаат со традицијата, обичаите, историјата и религијата на еврејскиот народ.

Книгата која ги опфаќа не само основните термини и поими од јудаизмот, туку и на секој читател му дава нешто повеќе е одлика само на големите мислители и учители како што беше и рабинот Цадик Данон. Во оваа збирка поими ќе наидете на одлично селектирани и разработени делови од еврејскиот животен циклус, потоа еврејскиот календар, запознавање со еврејските празници, дел од еврејската рабинска литература, делови од Мишна, Талмуд...

Особено интересно е тоа што оваа книга плени со својот стил на пишување, со својата интересна содржина, со начин на кој самиот автор се труди да го привлече вниманието на читателот без да знае за неговите претходни познавања и сознанија од областа на
јудаизмот.

Особено ме радува фактот тоа што можев да работам на еден ваков проект, проект којшто пред сé ја продолжува традицијата и поменот на рабинот Данон, потоа дело коешто ќе ги им ја приближи на читателите од македонско говорно подрачје традицијата и
религијата на мојот народ и на моите прататковци, дело кое претставува продолжување на запознавање со основните поими на јудаизмот.

Оваа збирка е оној тип на книги и дела кои успеваат, како што милувале да кажат старите рабини, да го вратат човекот кон одговорот, а не да го однесат во другиот правец, кон прашањето. Едноставно, ова е книга којашто дава одговори на сите оние прашања кои сте сакале да ги знаете и на работите за кои сте сакале да научите нешто повеќе.

Му се заблагодарувам на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) кој го поддржа овој проект и кој имаше желба и разбирање да помогне во преводот на една ваква книга, за која ќе се согласите дека е направена за добробит и корист на сите нас.

Се надевам дека оваа книга ќе им послужи на денешните генерации и на генерациите кои доаѓаат во Македонија, книга која ќе одбележи едно време, животот и работата на денешната Еврејска заедница во Македонија и нејзината успешна и силна соработка со МЦМС.

Ави М. Козма Хазан
Еврејска заедница во Република Македонија

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации