Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Родови односи PDF Печати Е-пошта

Родови односиВо многу општества (заедници), на стереотипите за структурата на домаќинството и поделбата на работата по полова основа во нив, се гледа како на одраз на “природен” ред. Следствено, државата и семејството го зајакнуваат овој ред со законскиот и образовниот систем, медиумите и програмите за планирање на семејството, без да се признае дека во семејството жената е во подредена положба во однос на мажот.

Обуката ќе им овозможи на учесниците да бидат свесни за главните концепти на родовите релации и развојните прашања, да бидат способни да препознаат родови релации и нивната социјална детерминираност, да бидат способни да анализираат различни пристапи кои се применуваат во развојните програми, да бидат способни да препознаат стереотипи, предрасуди, норми и вредности во општеството и потенцијали за промена и да бидат способни за анализа на проекти/програми од родова перспектива.

Содржина

  • Социјално потекло на родовите односи;
  • Историски аспекти на Жени во развој и Род и Развој приодите;
  • Родови односи, стереотипи, норми и вредности во општеството;
  • Родова поделба на трудот;
  • Профил на ресурси/пристап и контрола;
  • Односи на моќ;
  • Практични и стратешки родови потреби/интереси
  • Вовед во женските човекови права, еднаквост и недискриминација
  • Родовите концепти на ниво на генерална политика, системи , процедури и програми
  • Вклучување на родовите перспективи во главните општествени текови (mainstreaming)
 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми