Соработка на Владата со граѓанските организации - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Соработка на Владата со граѓанските организации - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Во март 2006 година оформено е Одделението за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, како одговорно владино тело кое треба да придонесе во институционалниот развој и соработка на/со граѓанскиот сектор. Владата во јануари 2007 година ја донесе Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор во која се определени целите, мерките и активностите за периодот од 2007 до 2011 година.

sorabotka-na-vladata-so-graganskoto-opstetstvoПо една година од донесувањето на Стратегијата констатирано е спроведување на дел од активностите, но исто така дел од истите сè уште не се започнати. Капацитетот на вработените во Одделението за соработка со невладините организации сè уште не е доволно развиен, а во отсуство на посебен програмски буџет на Одделението не може да се очекува да направи поголем напредок во меѓусебните односи на Одделението (а со тоа и Владата) со граѓанските организации, но и во процесот на координирање на спроведување на активностите на Стратегијата. Одделението сè уште не е доволно препознаено во рамките на Владата и кај граѓанските организации.

Општа цел на проектот е придонес кон одговорни институции кои ги спроведуваат политиките за развој на граѓанскиот сектор. Цел на проектот е јакнење на капацитетот на владините тела за соработка со граѓанските организации и следење на владините политики кои се однесуваат на граѓанските организации.

Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје е Република Македонија, а локацијата е Скопје.

Очекувани резултати од проектот се:

  • воспоставена меѓусебна соработка на владините тела од земјите од регионот кои се одговорни за соработката и развојот на граѓанското општество
  • одржување на транспарентноста и отчетноста во процесот на спроведување на Стратегијата и другите владини политики

Проектот ќе се состои од две главни активности:

  • Поддршка на Одделението за соработка со невладините организации
  • Следење на спроведувањето на Стратегијата и други владини политики.

Периодот на спроведување е 1 март – 31 декември 2008 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се:

  • Интерес за меѓусебна соработка на претставниците на одделенијата од регионот за јакнење на граѓанскиот сектор;
  • Интерес кај Одделението и граѓанските организации за расправа за прогресот на Стратегијата

Активностите ќе бидат спроведувани во координација со Одделението за соработка со невладините организации. Настаните кои ќе бидат организирани во рамките на проектот ќе бидат соодветно и навремено промовирани до граѓанските организации и во јавноста. Документите кои ќе бидат подготвени, покрај директната дистрибуција до организациите и органите на државната управа ќе бидат објавени и на веб страната на МЦМС и на граѓански свет.

МЦМС во консултации со Одделението за соработка со невладините организации е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот.

Како можен ризик е слабиот интерес на граѓанските организации и медиумите за следење на спроведување на Стратегијата.

Проектот ќе биде финансиран од ЕЕД.

Буџетот изнесува 467.600 денари.

 

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми