МОСТ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МОСТ PDF Печати Е-пошта

10_08_MDK_101Долгорочна цел на МЦМС е прифатена културна различност, меѓузависност и дијалог, што претставува основа за градење на едно кохезивно мултиетничко и мултиконфесионално општество. Достигнувањето на мир во едно општество не значи само отсуство на директно насилство туку елиминација на сите форми на насилство (индиректно / структурно и културно насилство) кои во себе вклучуваат негативни појави како сегрегаци-јата, нетолеранцијата и дискриминацијата. За таа цел МЦМС се фокусира на зајакнување на капацитетите на државните институции и граѓанските организации во однос на меѓукултурниот дијалог, создавање позитивна атмосфера во општеството за прифаќање на културните разлики и заемно почитување, градење на свест за меѓусебната поврзаност и зависност, воспоставување позитивни и хармонични меѓусебни односи и развивање релевантни меха-низми кои ќе придонесат за поефикасно спроведување на Охридскиот рамковен договор. Споделувањето на искуства и знаења со други мултиетнички и мултирелигиозни општества е од клучно значење за овој процес.

Општа цел на проектот е да ги адресира прашањата на сегрегација преку создавање и развој на меѓународни врски, размена на добри практики, зајакнување на капацитетите на локалните медијатори и практична примена на новостекнатите знаења и вештини како на локален така и на меѓународен план.

Цел на проектот е да се споделат добрите практики помеѓу клучните институции во Северна Ирска (и пограничните подрачја на Република Ирска) и Република Македонија во четири различни тематски сектори: полиција и правда, локална самоуправа, религија и медиуми.

Проектот е продолжување на досегашната успешна соработка на МЦМС со МНИ и е резултат на успешна пријава за финансирање до Одборот на ЕУ за специјални програми (дел од Европската програма за регионален развој „Инвестирај во својата иднина“). Мост е дел од поширока програмам на МНИ за учење и вмрежување која што се состои од три столба. МЦМС е вклучен во првиот столб – транснационална размена на добри практики.  Со програмата се предвидени до шест разменски посети меѓу Македонија и Северна Ирска. Посетите се посветени на темите: полиција и правда, локална самоуправа, религија, меди-уми, а доколку се оценат позитивно ќе има уште две посети на теми младина и домување.

Посетите треба да се реализираат од 2010-2012, колку што е и траењето на програмата на МНИ. Целна група се околу 72 граѓански лидери од Северна Ирска и уште толкуод Македонија, претставници на релевантните институции. Идејата за проектот се базира на сличностите на контекстите во Македонија и Северна Ирска  (од големината на тери-торијата, популацијата, застапеноста по етничка и верска основа – со големи малцинства, до историјата), вклучително и на конфликтите и договорите за нивно разрешување (Охрид-скиот и Велигденскиот), како и искуствата на МНИ и МЦМС од претходните активности - обуки од МНИ за медијација и градење на мирот во Македонија и студиски посети во Северна Ирска за делегации од Македонија (медиуми, верски заедници) организирани од МЦМС.

Во рамките на овој проект за 2010-11 година се планираат четири разменски студиски посети коишто ќе бидат посветени на областите: полиција иправда, локална самоуправа, религија и медиуми.

Првата студиска посета, посветена на областите полиција и правда, ќе започне во Македонија, во периодот од 21-26 март 2010 година.. Возвратната посета на оваа тема ќе се одржи во периодот од 23-28 мај 2010 година. Таа е наменета за пратеници, претставници на полицијата, Министерството за правда, Народниот правобранител, академијата и граѓанските организации.

Втората студиска посета  е наменета за претставници на локалната самоуправа. и ќе се одржи во Македонија, во периодот од 19-24 септември 2010 година, а возвратнатапосета во Северна Ирска ќе биде во периодот од 7-12 ноември 2010 година. Во оваа посета ќе учествуваат пратеници, претставниците на локалните самоуправи (градоначалници и други релевантни службеници), на Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, како и на граѓански организации кои ја следат оваа проблематика.

Третата посета (тема – религија) и четвртата (медиуми) ќе бидат организирани во слични периоди во 2011 година.

За време на студиските посети учесниците ќе имаат можност да се сретнат со клучните креатори на политики од соодветните области, политички лидери и високи државни службеници од Македонија и Северна Ирска, кои ќе им го пренесат своето искуство, идеи и проблеми со кои се соочуваат во процесот на градење на кохезивно општество и елиминацијата на сегрегацијата. Во рамките на студиските посети планирано е да се одржат дискусии на теми релевантни за проектот помеѓу учесниците од Северна Ирска и нивните колеги од Македонија како и посети на локации и обележја важни за разбирање на конфликтите и нивното разрешување. Сите активности поврзани со организацијата на студиските посети ќе бидат реализирани од страна на МЦМС и МНИ.

Претпоставки кои влијаат врз остварувањето на целите се: интерес кај партнерите и нивните целни групи за активно учество во активностите; отсуство на тензии и обновување на конфликтите; соодветност на нивото на учесниците и организациите домаќини, како и примена на стекнатите искуства во својата земја и работа. 

Проектот ќе се спроведе во периодот од 1 јануари 2010 г. до 31 декември 2011 г.

Проектот нема директни трошоци (сите трошоци се покриваат од МНИ), а приходот се однесува на ангажманот на пероснал на МЦМС за организација на посетите во Македонија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми