МЦМС во медиумите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС во медиумите
Борбата за името ги сплоти граѓаните и политичарите PDF Печати Е-пошта
Четврток, 08 април 2004 01:00

Македонската делегација во парламентарното собрание на Советот на Европа и граѓанскиот сектор заеднички ќе го убедуваат светот Македонија да ја нарекува со уставното име, а не со референцата ФИРОМ.

 
Вест: "Кажи Македонија" до Советот на Европа PDF Печати Е-пошта
Четврток, 08 април 2004 01:00

Иницијаторите на граѓанската акција "Кажи Македонија" вчера и предадоа протестно писмо, 50.000 потписи и илјадници картички со порака "Не ме фиромирај, викај ме Македонија" на македонската парламентарна делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

 
А1: Акцијата „Кажи Македонија“ оценета како успешна PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 април 2004 01:00

На денешната средба во Собранието невладините организации, организатори на акцијата „Не викајте ме фиром“, побараа од македонската делегација во парламентарното Собрание на Советот на Европа да ги пренесат во Стразбур ставовите на граѓаните во врска со документот издаден од Советот на Европа со кои се навредуваат македонските културни и национални чувства.

 
Време: Жители од 15 града ќе пишуваат до Советот на Европа PDF Печати Е-пошта
Вторник, 30 март 2004 01:00

Во 15 града низ Македонија од вчера продолжи кампањата „Кажи: Македонија!“, во која граѓаните испраќаат пораки до Советот на Европа против документот со кој македонскиот народ, јазик и култура се нарекуваат „словенски“. Кампањата ќе трае до петок, најавија организаторите.

 
Вест: Со "Кажи: Македонија" во одбрана на идентитетот PDF Печати Е-пошта
Сабота, 20 март 2004 01:00

Десетина македонски невладини организации, институции и здруженија на граѓани вчера упатија остар протест против директивата на Советот на Европа за терминологијата наменета за Македонија, обвинувајќи го Советот оти директно го напаѓа мултикултурниот идентитет на земјата, вграден во Уставот и Рамковниот договор.

 


Страна 40 од 43

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите