Сител: Амбасадите сеуште ги малтретираат граѓаните - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сител: Амбасадите сеуште ги малтретираат граѓаните PDF Печати Е-пошта
Среда, 25 јуни 2008 01:00

vizaНема ни абер од визното олеснување!

Многу граѓани се уште го немаат почувствувано наводно олеснетиот визен режим. Дел од нив наместо за договорените максимум 10 дена, за визи чекаат многу подолго, притоа соочувајќи се со каприциозни услови кои ад хок им ги наметнуваат амбасадите, а кои согласно Спогодбата за олеснување на визниот режим би требало да бидат укинати.

Само во изминативе 10 дена на инфо линијата на МЦМС се обратиле преку 50 граѓани. Најголемиот дел од нив се пожалиле дека нивните барања за виза биле одбиени без какво било образложение. Други велат дека вработените им се обраќале со арогантен и навредлив тон. Најдискриминирани во процедурата за добивање виза биле превозниците во меѓународниот транспорт.

На листата на амбасади и според МНР и според МЦМС, кои се изживуваат со македонските граѓани се италијанската, германската, француската, австриската.

И покрај тоа што Европјаните му ветија на Мешовититот комитет одговорен за визното олеснување, дека ќе ги опоменат амбасадите да ги исправат грешките, тоа не се случи.

Најсвеж е примерот со австриската амбасада. И покрај тоа што групата млади актери приложија повеќе од потребните документи, увиди на лични банкарски сметки и потврди дека преку цела година ќе настапуваат низ Европа, Австрјците не сакаат ниту да чујат за исправка на грешката. Наместо годишна им издадоа 6 дневна виза. Амбасадата не реагираше ниту по опомената од страна на Фуере, ниту по средбата на министерот Милошоски со австрискиот амбасадор.

Спогодбата за олеснување на визниот режим стапи во сила на почетокот од годинава. Според неа барателот на визата треба да приложи документи со кои единствено се докажува целта на патувањето. Но наместо тоа, амбасадите бараат дополнителни документи, како нивно дискреционо право, и ја толкуваат спогодбата како што нив им одговара.

Извор: Сител (25.06.2008)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Сител: Амбасадите сеуште ги малтретираат граѓаните