Поддршка за плаќањето даноци - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поддршка за плаќањето даноци PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 06 април 2009 08:22

Поголемиот дел од граѓаните во Македонија или над 90 проценти поддржуваат плаќање данок, комунални услуги, јавен превоз, како и недавање и непримање мито, покажало истражувањето за општествената одговорност на граѓаните што го реализирал Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Истражувањето покажало дека помала е поддршката, околу 85 проценти, на ставот да не се бараат бенефиции од Владата за кои граѓаните немаат право. Анкетата беше спроведена во февруари годинава, на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.

Поддршката на владеење на правото или јавниот дух е истражувана преку пет прашања: оправданост на барањето бенефиции за кои се нема право, неплаќање комуналните услуги, мамењето данок, избегнувањето да се плати јавниот превоз и давањето или примањето мито.

Јавниот дух е во пораст во споредба со 2007 година, како и со истражувањето во 2004 година. Поддршката за плаќање данок е зголемена на 92,2 отсто од 80,8 отсто во 2007 година. Еден дел од одговорите имаат поддршка и во реалноста. Бројот на поднесени годишни пријави за данок од персонален приход е зголемен од околу 30.000 пријави во 2006 година на над 100.000 пријави за 2008 година.

Извор: Дневник (04.04.2009)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Поддршка за плаќањето даноци