Училиштето ќе служи во следните 100 години [Медиуми] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Училиштето ќе служи во следните 100 години [Медиуми] PDF Печати Е-пошта
Вторник, 14 декември 2010 16:14

Свеченото пуштање во употреба на реновираното училиште во с. Ангелци заинтересира доста медиуми. Еве како известија дел од нив: 

Пуштено реновираното училиште „Гоце Делчев“ во Ангелци

Дотраената училишна зграда стара 64 години која беше комплетно реновирана со средства од турската организација Тика и МЦМС денеска и официјално беше дадена во употреба.
- Се надевам дека на овој начин преку инвестирање во образовната инфраструктура ќе овозможиме на сите оние ученици кои што учат во ова училиште да имаат подобри услови за работа и да постигнуваат подобри резултати во учењето - рече Никола Тодоров, министер за образование и наука.

Извор: ТВ Сител (Вторник, 14 декември 2010)

Парно греење во Ангелци

Сто и педесет ученици од македонска и турска националност од двете соседни села Ангелци и Градошорци оваа седмица се преселија во новата реновирана зграда. Со реконструкцијата се обновени внатрешните и надворешните ѕидови, покривот, таваните, подовите, старите прозорци се заменети со нови, поставени се нова електрична инсталација и парно греење.

Парите за реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“ во Ангелци, 100 илјади евра, се обезбедени од донации од турската владина организација „Тика“ и „Филип Морис“ од Швајцарија, во соработка со „Сокотаб“ од Битола. (Р.Т.)

Извор: Дневник (Вторник 14.12.2010)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Училиштето ќе служи во следните 100 години [Медиуми]