Граѓаните не се за предвремени избори [Медиуми] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните не се за предвремени избори [Медиуми] PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 јануари 2011 13:41

Нова Македонија ја објави веста во врска со истражувања за прашања од општествен интерес, како доверба, општествени вредности и општествена одговорност на граѓаните, и за актуелни прашања, како што се ставовите на граѓаните за предвремени избори.

Еден од двајца не се за предвремени избори

Еден од двајца граѓани е против предвремени избори, односно против се 49,7 отсто од испитаниците, а еден од тројца или 36,3 отсто се за предвремени избори.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот центар за меѓународна соработка реализирана во декември 2010 година.

Извор: Нова Македонија (14 јануари 2011)

Предвремени избори?

Според владејачките партии, во моментов нема реални причини да се оди на предвремени избори. И експертите сметаат дека тоа не е најдобро решение во моментов.

Груевски и Ахмети на вчерашната редовна тет а тет средба разговарале за се - за името, за избори, за ситуацијата во земјата, за А1 и случајот „Перо Наков бб“, за се она што е отворено прашање и жешка тема во моментов, велат до ДУИ. Од таму велат дека се спремни за избори уште сега, но тоа воопшто не би било добар потег.

Извор: Радио Слободна Европа (2 февруари 2010)

Избори – да или не?

Дали во услови на напната политичка ситуација и меѓуетнички тензии, изборите би биле погубна опција или, пак, се единствен излез од ќор-сокакот во кој се наоѓа земјата?

Ќе има избори, па ќе нема, де сме подготвени, де не сме. Но како и да е, едно е барем сигурно, велат експертите, доколку има избори, не очекува напнато предизборие, исполнето со тензии, а како тргнала работата не се исклучуваат и насилства. Македонија во последните неколу години живее во постојана предизборна кампања, но состојбата во државата во овој момент е до тој степен е наелектризирана, што избори само би долеале масло на оганот, велат дел од луѓето кои ние ги прашавме.

Извор: Радио Слободна Европа

Драма од изборите

Вечната тема предвремени избори повторно доби на актуелност, стана најексплоатираното прашање и ги потисна сите други настани во државата. Името, ЕУ, НАТО, пописот, лустрацијата, сето тоа е неважно. Отиде во втор, трет, десети план. Цела недела откако опозицијата објави бојкот на парламентот се зборува само за избори. Ќе има или ќе нема? Се пуштаат пробни балони и се калкулира со датуми. Па, почнувајќи од март до септември, се лицитира дека секој месец може да биде изборен.

Извор: Утрински весник

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Граѓаните не се за предвремени избори [Медиуми]