Јавен повик за доделување на Грантови за брз одговор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик за доделување на Грантови за брз одговор PDF Печати Е-пошта
Вторник, 13 Февруари 2024 14:19

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен повик за доделување на Грантови за брз одговор. Повикот е во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ (ГПК) финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

grantovi za brz odogovor wide

Целта на повикот за грантови за брз одговор е да се преземат итни, вклучувачки и влијателни акции за актуелни потреби и предизвици поврзани со корупцијата.  

Во овој повик се преферира предложените акции и интервенции поврзани со корупција да се однесуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори во Република Северна Македонија. Сепак не се исклучува можноста за доставување на апликации кои предвидуваат акции за брз одговор за други области подложни на корупција. 

Повикот е индивидуален, отворен за сите регистрирани граѓански организации и мрежи на граѓански организации како и за неформални мрежи.

Минимален износ за кој може да се достави апликација е 224.000 денари ($4.000), додека максимален износ е 560.000 денари ($10.000). Ќе бидат поддржани апликации кои траат минимум 2 месеци и максимум 5 месеци

На овој повик се аплицира по електронски пат. Апликантите најпрвин мора да креираат профил на платформата: www.grants.mk (преземи Водич за креирање профил).

Краен рок за поднесување на апликациите 4 март 2024 г. до 13:00 часот (македонско време).

За подетални информации во врска со повикот за Грантови за брз одговор, организираме онлајн информативна сесија на 20 февруари (вторник) во 12:00 часот! Регистрирај се тука: https://forms.office.com/e/LiJBfj473N?origin=lprLink

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање.

Целосната апликација за овој повик вклучува пополнување и прикачување на grants.mk на:

Заинтересираните организации може да поставуваат прашања поврзани со повикот за Грантови за брз одговор на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Прашања и одговори за Повикот


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Јавен повик за доделување на Грантови за брз одговор