Обука за Застапување и лобирање - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за Застапување и лобирање PDF Печати Е-пошта
Вторник, 07 октомври 2008 01:00
МЦМС ја најавува новата обука за застапување и лобирање што ќе се одржи од 12 до 14 ноември 2008 година во Маврово. Обуката им е наменета на оние соработници, советници, раководители или идни застапувачи и лобисти кои сакаат да се посветат на активности со кои ќе влијаат на креирањето на политиките. Со балансирана теорија, примери и практични вежби ќе дознаете: што е застапувањето, а што лобирањето, дали има и што е разликата меѓу нив, какви методи на преговарање и спогодување постојат и уште многу други теми.
Повеќе детали за обуката за застапување и лобирање. (JPG)

Пријава за обуката за застапување и лобирање.

Обуката ќе се одржи од 12 до 14 ноември 2008 година во Маврово.

Пријавете се најдоцна до 7 ноември 2008 година. Бројот на учесниците на обуката е ограничен.

Лице за контакт: Афродита Муслиу Тел: 02/3065-381 е-маип: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Обука за Застапување и лобирање