МЦМС бара ко-модератор за БИТОЛА - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС бара ко-модератор за БИТОЛА PDF Печати Е-пошта
Вторник, 14 октомври 2008 01:00

Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општина Битола. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 17 октомври 2008 година.

c6c01bd542e3b64990c5833b9a24f482

Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk ).

Во периодот ноември 2008 – април 2010, Форумскиот процес во општина Битола ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КOМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 8 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Раководење и координирање со Оперативната група;
  • Организирање на сесиите, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
  • Организирање и ко-модерирање на состаноците помеѓу сесиите;
  • Техничка подготовка на сесиите (сала, постери, опрема);
  • Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
  • Помош на модераторот при водењето на сесиите;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование
  • познавање на aнглиски јазик
  • активно користење на компјутер (WORD, ECXELL, OUTLOOK)
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладни организации
  • да е жител на општината
  • искуство во фасилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски вештини

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 17 октомври, на следната адреса:

ул."Никола Парапунов", бб, 1060 Скопје

или на електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи МЦМС бара ко-модератор за БИТОЛА