Повик за поддршка на активности на локалните самоуправи за модернизација на услугите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за поддршка на активности на локалните самоуправи за модернизација на услугите PDF Печати Е-пошта
Четврток, 16 април 2009 12:30

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Градење на капацитети и модернизација на локалната самоуправа, упатува:

Повик за  поддршка на активности на локалните самоуправи
за модернизација на услугите

Финансиската поддршка е наменета за проекти на локалните самоуправи за модернизација на услугите преку градење на човечките и институционалните капацитети, и има за цел модернизација на услугите во локалните самоуправи со што ќе се придонесе кон подобрување на постојните и развој на нови услуги на локалната администрација.

Со проектот е предвидено поддршка на проектни идеи кои се однесуваат на подобрување и модернизацијата на општинските услугите и содржат:

  • Градење на човечките капацитети на локалната администрација за подобрени услуги,
  • Развој/набавка на софтвери и оформување на бази на податоци,
  • Унапредување на општинските е-услуги,
  • Примена на нови процедури со цел поедноставени постапки во испорака на услуги,
  • Подобрен дизајн и квалитет на услугите,
  • Подобрен пристап до фондови. Релевантни за поддршка ќе бидат и проекти со горенаведените цели и карактеристики кои се поддржани од други донатори за кои општините можат да побараат кофинансирање од МЦМС со цел да го прикажат како сопствено учество.

Со проектот не е предвидена поддршката на активности за набавка, изградба и реновирање на инфраструктурни објекти или набавка и реновирање на основни сретства за работа и канцелариска опрема.

Во тековната година ќе бидат поддржани 5 општини од 13 фокус општини на програмата ЛРЗ до кои е упатен овој ограничен повик: Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп.

Општините може да аплицираат до МЦМС за финансиската поддршка на проектни идеи за модернизација на услугите во максимален износ од 100,000.00 МКД по општина. Општините треба да обезбедат сопствено учество од минимум 30,000.00 МКД. Секоја од тринаесетте фокус општини ќе може да аплицира со повеќе различни апликации/проекти.

Основен предуслов за финансирање на општините е: Временската рамка. Крајниот рок за спроведување на активностите во општините мора да биде 15 Јуни 2009 год.

Критериумите за селекција ќе опфатат неколку аспекти:

  1. Квалитетот на апликацијата  -  20 %
  2. Предложениот пристап за модернизација на услугите  -  30 %
  3. Сопствено учество  -  25 %
  4. Одржливост  -  15 %
  5. Предожениот буџет  -  10 %

Комплетната пријава треба да се достави во просториите на МЦМС, по пошта или е-маил, најдоцна до 28.04.2009 год. до 16:00 часот, на:

Адреса:

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)
ул. Никола Парапунов б.б. П.Фах 55, 1060 Скопје.

Лице за контакт:

Миодраг Колиќ, тел.(02)3065-381 локал 122; е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Документи:

Упатство за пријавување за поддршка на активности

Образец за предлог проект

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Повик за поддршка на активности на локалните самоуправи за модернизација на услугите