Вести - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вести
Појаснување за истражување за Општествена одговорност на граѓаните PDF Печати Е-пошта
Вторник, 05 Февруари 2008 01:00

[Прес соопштение] МЦМС во декември 2007 година го објави истражувањето Општествена одговорност на граѓаните. Целта на истражувањето е анализа на перцепциите и ставовите на граѓаните во однос на општествената одговорност (владеење на правото и граѓанска партиципација).

 
Промоција на публикации за етички стандарди, транспарентност и одговорност PDF Печати Е-пошта
Четврток, 31 јануари 2008 01:00
Промоцијата ќе се одржи на 5.2.2008 г. (вторник), во хотелот „Континентал” во Скопје со почеток во 12 часот. Целта на публикациите е да придонесат во воспоставувањето правила и принципи во граѓанските организации засновани на транспарентност, отчетност и демократија.
 
Истражување - Низок јавен дух и големи очекувања од државата PDF Печати Е-пошта
Четврток, 31 јануари 2008 01:00
Македонскиот центар за меѓународна соработка на 29 јануари 2008 година го промовираше извештајот од истражувањето „Општествена одговорност на граѓаните“. Освен општествената одговорност, извештајот го анализира јавниот дух, учеството во непартиските политички активности, волонтерската активност во заедницата, учеството и активноста на граѓаните во организациите на граѓанското општество и добротворните прилози.
 
Низок јавен дух и големи очекувања од државата PDF Печати Е-пошта
Вторник, 29 јануари 2008 01:00

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка денес, (29 јануари 2008 година) го промовираше извештајот од истражувањето „Општествена одговорност на граѓаните“. Ова истражување, МЦМС го спроведува по втор пат. Извештајот е резултат на потребата да се провери каква е општествената одговорност на граѓаните.

 
Покана за промоција општествената одговорност на граѓаните PDF Печати Е-пошта
Вторник, 29 јануари 2008 01:00
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 29 јануари 2008 година (вторник), во 11 часот, во Клубот на новинари ќе го промовира извештајот од истражувањето за „Општествената одговорност на граѓаните“.
 


Страна 241 од 247

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести